Модниот свет деновиве е во Милано на модната недела и во стартот на програмата беше новата колекција на Алесандро Микеле за куќата „Гучи“. Ревијата за колекцијата за есен-зима 2020/21 се одржа во седиштето на „Гучи“ и претставувањето започна со необича сцеографија – ротирачка кружна платформа која што ги открива атмосферата и подготовките што се одржуваат на секоја ревија. Откако моделите беа подготвени, тие застанаа на работ на платформаа, позираа, а потоа продефилираа на кружната писта. Микеле повторно измеша различни стилови (барок, викторијански фустани, морнарски стил, модата од 70-тите…), а воден од идејата дека „модата не е само облеката“, одлучи да ја претстави и друга страна од модата и она што се случува зад сцената.
Нема коментари