Во римскиот музеј Капитолини, вчеравечер дизајнерот Алесандро Микеле ја пезентраше новата колекцијата на Гучи од форматот ресорт (cruise). Микеле продолжува да креира во препозналивиот максималистички стил мешајќи различни влијанија и референци, а изјави дека новата ресорт 2020 колекција е негова химна на слободата. Слобода од стереотипи, неправди и, како и секогаш, од конвенциите на времето. Во музејските сали се презентираа машки и женски креации – нови верзии на римска тога, микс на светки, бои и принтоци, модели со феминистички слогани од типот „Мое тело, мој избор“, стилови од 70-тите и мотив на Мики Маус.
Нема коментари