• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
ревии 0

Успешна фузија од идеи и кроеви во креациите на Јован Петровски за SQUIRE и Blackout

Од stylist @StylistMKD · На октомври 24, 2014
jovan ani i dimi2

Фото: Ани и Дими

Во камерна и артистичка атмосфера вчера во мултимедијалниот центар „Мала Станица“ со ревиското претставување на Јован Петровски започна десеттото издание на Моден викенд-Скопје. Онака како што започна модната манифестација пред пет години, со претставување на колекција од талентирани дизајнер, така го поздравивме и ова издание на FWSK. Публиката повторно се сретна со неговата дизајнерска игра на белата со црната боја, на машкиот со женскиот принцип, на комплексните кроеви со едноставната линија на модните парчиња.

jovan kolaz7

Јован на вчерашната ревија претстави модели од двете линии за кои што креира, SQUIRE и онаа полуксузната Blackout, машки и женски креации кои навидум се фокусираат на класични и базични парчиња, како строго кроено сако, црни панталони, бела кошула и едноставни маици, но содржат многу посложени кроеви. Јован и во двете линии не само што продожува со својата автентична естетика, туку ја издига на уште повисоко ниво. Во креациите доминира црната боја, која највпечатливо се рефректира во луксузните фармерки и сакоа од Blackout работени со raven wax техника, но има доста и кобалтно сина и бела боја. Дизајнерот прави успешна деконструкција на кроеви што кај машките модели се гледа во необичните ревери на палтата и изместените јаки на кошулите, а кај женските во мултиплицирањето и одземањето на одредени елементи на кошулите од кои повеќето имаат неконвенционални интервенции во задниот дел.

jovan kolaz3

Силуетата и атмосферата за време на ревија не потсети на Хеди Слимановскиот манир, но без да реферира на позајмување идеи, бидејќи она што вчера Петровски го прикажа е автентичен израз што тој подолго го негува и во кој се вткаени монохроматика, минимализам, геометрија, игра со форми и елементи на панк-рок. Петровски не прави компромис со модните тенденции, но успева да создаде парчиња кои се во духот на времето, носливи и крајно современи. Дизајнерот прикажува минимализам, но сепак комплексен. Прикажува концептуалност, но која може да се носи.

jovan kolaz6

Долгогодишниот пријател и соработник на Петровски, музичарот Сашко Костов, подготви и во живо изведе музиката специјално за вчерашната ревија, а накитот на Јана Ацевска од „Капка“ ја надополни модернистичката приказна на дизајнерот. Одлични беа и манекените и манекенките кои ја износија ревијата со брзо темпо, што е невообичаено за македонски, но практика за светските ревии, а успешен беше и нивниот минималистички стајлинг. Поголем дел од моделите од SQUIRE и одередени парчиња од Blackout ќе се најдат на продажба во концептуалната продавница Lotus Design Store.

jovan kolaz9

Јован Петровски подолго време беше присутен на домашната модна сцена, а пред четири години замина за Банкок, каде што предава неколку предмети на тајландската филијала на „Академија Италијана“, а во меѓувреме стана декан на одделот за мода во оваа модна школа. Токму во Банкок го основа брендот SQUIRE, а нешто подоцна го развива во соработка со The Blackout Crew, со кои се спои и на тајландскиот бренд за џинс Blackout. Желба и план на Петровски е двете линии во кои е креативно инволвиран да прераснат во глобални модни брендови. (К.Т.)

Фото: Stylist.mk 

jovan kolaz5

jovan kolaz4

jovan kolaz2

jovan04

jovan03

jovan02

jovan ani i dimi

Фото: Ани и Дими

Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • 2 ревии

    Chanel Métiers d’art колекцијата претставена на ревија во замок и со едно лице во публика

  • IMGL1485 ревии

    Модна ревија во Штип: Поглед во сегашноста и иднината на текстилната индустрија во Македонија

  • 1 louis vuitton ревии

    [ВИДЕО] Политичка порака и моќен изглед од 80-тите во новата колекција на Луј Витон

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • cardin

    ПЈЕР КАРДЕН (1922–2020): Првиот футурист во модата и пионер на модното брендирање

Модна азбука

  • Poncho

    ПОНЧО – префрлена наметка со отвор за глава

    ноември 20, 2020

Видео

  • pedro horisonte

    Слушаме македонска музика: „Чекајќи“ на Педро Хоризонте

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • 1

    МОДЕН ТРЕНД: Штепуваните јакни најстилски сезонава

    јануари 15, 2021
  • 1

    Инстаграм профил кој го лови стилот на парижаните

    јануари 14, 2021
  • cokoladen puding

    Брз и здрав чоколаден десерт со необична состојка

    јануари 14, 2021
  • gucci

    Дизајнерски чанти што ќе бидат хит за 2021

    јануари 13, 2021
  • 1

    Мода во портокалова боја за енергичен старт на годината

    јануари 13, 2021

Убавина

  • Revalid

    Погледнавме одблиску: зошто цветот од еделвајс е „преживувачка ѕвезда“

    декември 25, 2020
  • 3

    Млечен маникир со златни детали

    декември 21, 2020
  • Elena i Ljubica - A Star is Born

    REVALID®: Елена и Љубица ја откриваат иновацијата против стареење и тенка коса

    декември 4, 2020
  • guerlain

    Празнична колекција на шминка на Guerlain

    ноември 30, 2020
  • 1 MAC

    M · A · C ја започна празничната сезона со колекција инспирирана од бајките и огнометот

    ноември 24, 2020

Живот

  • cokoladen puding

    Брз и здрав чоколаден десерт со необична состојка

    јануари 14, 2021
  • 1

    Aвенијата Елисејски полиња се претвора во „извонредна градска градина“

    јануари 13, 2021
  • 00

    Прошетка низ футуристичката палата на Пјер Карден

    јануари 10, 2021
  • ?????????????????????????

    Баланс+ оброци за енергетски почеток на денот

    јануари 5, 2021
  • pariche-702x336

    Паричето.мк – платформа за виртуелно вртење пита со паричка

    јануари 5, 2021

Култура

  • cepenkov

    Oнлајн-промоција на осовременетата „Автобиографија“ на Марко Цепенков

    декември 28, 2020
  • literatura

    Новогодишен онлајн-настан на „Арс Ламина“ и „Литература.мк“ со „Фанк шуи“ и Влатко Стефановски

    декември 25, 2020
  • шумковски

    Ретроспективна изложба на Јован Шумковски во Музејот на современата уметност – Скопје

    декември 16, 2020
  • pokana Allthelove

    Изложбата „Сета љубов“ со светски познати уметници од утре во МСУ

    декември 14, 2020
  • lila moss

    Лајла Мос на насловна на Vogue Italia

    декември 8, 2020

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања убавина улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics