Постои ли подобар амбиент за прикажување на пролетна колекција од модна писта украсена со џиновски цвеќиња и високи растенија!? Утрово Карл Лагерфелд токму во таков амбиент го разбрка париското јануарско сивило прикажувајќи ја новата колекција на висока мода за „Шанел“. Салата во Гранд Пале збогатена со огромни хартиени цветови беше вистинска сценогрфија за претставување на костими и фустани во интензивни бои како црвена, кобалтно сина и портокалова, потоа пастелни креации во препознатлив шанел-стил, црни модели со провокативна елегенација и безброј креации со богати цветни принтови и апликации. Цветовите се главен мотив на колекцијата и тие се расфрани по здолништата и фустаните, на ракавите и на чантите.
Нема коментари