• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
ревии 0

Лондонската модна недела во знaкот на принтовите, цвеќињата и животинскиот свет

Од stylist @StylistMKD · На септември 17, 2014

peter-pilotto-giles-o

Со завршувањето на Лондонската модна недела направивме анализа на неколку колекции наменети за сезоната пролет-лето 2015, па покрај претставувањата на Том Форд, Стела Макартни, „Барбери“ и на брендот KTZ  на македонскиот дизајнер Марјан Пејоски, за кои веќе пишувавме, еве сумирање и на колекциите на Кристофер Кејн, Питер Пилото, Ердем, Роксанда Илинчиќ, Метју Вилијамсон, Џајлс, Мери Катранзу, „Маркеза“ и Ања Хајндмарч.

Питер Пилото

1 piter piloto

Кристофер де Вос и Питер Пилото важно место во својата нова колекција отстапија на психоделичната естетика и на новиот начин на украсување на облеката. Креациите се вобудлив микс на повеќе елементи – на црна основа и на едноставна силуета тие додаваат бои од целиот спектар, цветни дезени и детали во стилот на acid-trip уметност.

Кристофер Кејн 

2 kristofer kejn

Кејн направи носталгична ода на неговата менторка Луис Вилсон, легендарната и неодамна почината професорка од лондонската школа Сент Мартинс, прикажувајќи идеи начнати уште во времето кога бил нејзин студент, како на пример играта со јажињата. За дел од креациите вели дека претставуваат „контролирана експлозија“, а неговата колекција е софистиран збир од прекрасни здолништа, фустани и пеплум-форми од тул, класични блејзери, коцкести чанти, арт-деко детали и сатенски фустани. 

Ердем

8 erdem

Дизајнерот Ердем Морлиоглу публиката ја пренесе во брилијантна ботаничка џунгла во која има раскоша флора. Како што сцената беше украсена со бујна вегетација, така и романтичните фустани беа „покриени“ со цветни орнаменти и апликации на листови. Ердем призна дека додека ја правел колекцијата размислувал на Кетрин Хепберн во филмот „Африканска кралица“.

Мери Катранзу

3 meri katranzu

„Раѓањето на земјата“ или инспирација од суперконтинентот Пангеја и од суперокеанот Панталаса, фомирани пред стотици милиони години, се темата на колекцијата. Кантанзу овојпат се фокусира повеќе на материјалите и текстурата, отколку на препознатливите дигитални принтови, но тоа не значи дека шарите отсуствуваат. Иако темата е доста апстрактна дизајнерката прикажува нослива колекција во која има интригантни фустани со тенки прерамки, тантела и транспарентни делови, како и модели со споени парчиња ткаенина кои создаваат интересен мозаик.

Џајлс

4 giles

Инспириран од сликите на дивиот свет на уметникот Волтон Форд, на пистата кај дизајнерот Џајлс Дикон демнеа некои навистина кул предатори преку манекенките „облечени“ во змии, леопарди, птици грабливки и канџи од диви мачки. Да, дивите животни никогаш не изгледале толку кул. Во еден дел од колекцијата Дикон предлага долги фустани украсени со светки и модели од перфорирана кожа.

Маркеза

4

Рокерол-џипси фантазија со примеси на хипи-гранџ во луксузна интерпретација. Звучи хаотично!? Џорџина Чепмен и Карен Крег кои дизајнираат за брендот „Маркеза“ и кои со оваа ревија прослави десет години на модната сцена, прикажаа романтична и расцветана колекција која ги има сите овие референци. Но, споени во една целина повеќе прават претстава за модерна Офелија на Гластонбери, отколку на хипи девојка на Вудствок.

Роксанда Илинчиќ

5 roksanda ilincic

Српската дизајнерка која што живее и работи во Лондон претстави колекција од кругови, коцки и колор-блок комбинации во јаки бои. Ако сте љубител на флуоросцентна палета и строга силуета, тогаш сигурно ќе ви се допаднат идеите на Илинчиќ, како на пример здолништата кроени во круг, фустаните со набори, моделите со мали планети и други графички форми.

Метју Вилијамсон

6 metju vilijamson

Инспириран од 70-тите години и од британската манекенка Мари Хелвин, Вилијамсон создаде колекција во духот на таа ера, но во современа реализација – шарени фустани на преклоп, транспарентни кошули, панталони со висок струк, лелеави тканени и дезен на цветови и палмини листови за што се инспирира од едно негово патување на Бали.

Ања Хајндмарч

7 anja h

Дизајнерката на чанти избра одличен начин да ја претстави новата колекција – на сцена што потсетува на забавен парк ги испрати манекенките облечени во бела облека. Не случајно, затоа што акцентот е на чантите кои ги има во разни големи и бои, а некои модели се украсени со забавни стикери што наликува на детските училишни чанти.

ЏајлсАња ХајндмарчКристофер КејнЛондонЛондонска модна неделаМаркезаМери КатранзуМетју ВилијамсонПитер Пилотопролет-лето 2015Роксанда Илинчиќ„Ердем“
Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • 1 fendi ревии

    Супермоделите Наоми, Кристи и Кејт на ревија на Fendi во Париз

  • prada ревии

    Мијуча Прада и Раф Симонс ја претставија првата заедничка машка колекција

  • 2 ревии

    Chanel Métiers d’art колекцијата претставена на ревија во замок и со едно лице во публика

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • ana de armas

    Францускиот боб на Ана де Армас најавува еден од трендовите на фризури за 2021

Модна азбука

  • Poncho

    ПОНЧО – префрлена наметка со отвор за глава

    ноември 20, 2020

Видео

  • iris van herpen

    Iris Van Herpen: Roots of Rebirth Collection

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • 3

    Седум идеи со широко карирано сако за овој март

    март 1, 2021
  • handmaids tale

    Нов трејлер и конечен датум за четвртата сезона на Handmaid’s Tale

    март 1, 2021
  • bienale

    МСУ со отворен повик за престојното 13. Биенале на млади уметници

    март 1, 2021
  • GOLDEN GLOBES

    Црвениот килим на „Златен глобус“ годинава во виртуелен формат

    март 1, 2021
  • united fashion showroom

    Oбединети балкански дизајнери на шоурум со триесет европски брендови

    февруари 26, 2021

Убавина

  • ECNERIN UreaRepair

    Уреа – ефикасна состојка која се грижи за нега на сувата и груба кожа!

    февруари 24, 2021
  • BeautyFridge

    Кои козметички производи треба да ги чувате во фрижидер

    февруари 11, 2021
  • dior rouge (1)

    Натали Портман во новата кампања за кармините на Dior

    февруари 2, 2021
  • 1 guerlain

    GUERLAIN: Ајде да зборуваме за природна убавина

    јануари 28, 2021
  • EUCERIN Hyaluron_Filler_Skin_Refining_Serum

    Eucerin Hyaluron-Filler Серум за намалување на порите: За кристално сјајна кожа и по првите знаци на стареење

    јануари 27, 2021

Живот

  • Baked-Feta-Pasta

    ТикТок рецепт: Тестенини со потпечено фета сирење

    февруари 18, 2021
  • maldivi

    Хотелот Waldorf Astoria на Малдиви има најдобра Инстаграм содржина според Forbes

    февруари 17, 2021
  • chloe ting

    ФИТ ФОРМА: Вежби за тенок струк и заоблен задник

    февруари 16, 2021
  • Iqos 4 (1)

    IQOS – алтернатива за возрасните пушачи развиена врз база на научни докази

    февруари 8, 2021
  • nikotin 2

    Зошто пушиме – навика, зависност или да се биде во тренд?

    февруари 3, 2021

Култура

  • handmaids tale

    Нов трејлер и конечен датум за четвртата сезона на Handmaid’s Tale

    март 1, 2021
  • bienale

    МСУ со отворен повик за престојното 13. Биенале на млади уметници

    март 1, 2021
  • vanity fair (1)

    Светот на фантазијата во холивудското издание на Vanity Fair

    февруари 24, 2021
  • daft punk

    Крај на една музичка ера – Дуото „Дафт Панк“ најави разделба преку видео

    февруари 23, 2021
  • Emma-Stone-Red-Dress-in-Disney-Cruella-Trailer

    Ема Стоун како Круела де Вил – амбициозна дизајнерка со панк-рок стил

    февруари 19, 2021

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања убавина улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics