Со презентацијата на новата колекција на Никола Гескиер за модната куќа Луј Витон финишираше Париската мода недела за сезоната пролет-лето 2021. Геские за новата колекција вели дека е енергична, полна со елан и смела, и дека зборува за ова моментно расположение на неизвесност. Ревијата ја почна со бел дуксер со натпис Vote (Гласај), искажувајќи го правото на глас, а потоа продлжи со хипер-волуменозни парчиња, нагласени раменици, ретро-футуризам, силуета во духот на 80-тите, шарени принтови како од старите неонски реклами, деконструирани кроеви, играње со машкиот и женскиот принцип.
Погоре погледнете го видеото од вчерашната ревија на Луј Витон што се одржа во реновираната стоковна куќа La Samaritaine, а во презентацијата беа употребени камери што снимаат 360 степени кои на посетителите им овозможуваа да ги гледаат моделите од сите страни, зелени екрани поставени на повеќе места, дури и на скалите меѓу спратовите, кои емитуваа видео содржина, како на пример сцени од филмот „Небото над Берлин“ на Вим Вендерс.
Нема коментари