Џон Галијано продолжува со визуелните експерименти кај Maison Margiela, на што сме навикнале кога станува збор за овој дизајнер и секогаш очекуваме нешто неочекувано. Во колекцијата за есен-зима 2017/18 тој спојува комплекси деконструирани облици со лесни детали, кои се трансформираат во нешто друго, поигрувајќи си со нашата перцепција и визија за модата. Галијано не поставува само модна ревија, туку естетски исказ, во кој облеката ја губи оригиналната намена и станува уметност. Во колекцијата има микс на бои текстури, плетиво за кое и понатаму е задолжен нашиот Ристо Бимбилоски, нова верзија на класичните мантили и палта, чанти во форма на украс на глава, интересен накит, како и бомбер јакни и други модни парчиња во кои е употребена decortiqué техниката – еден вид на „обезкостување“ на облеката до нејзината основна структура.
Нема коментари