• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
ревии 0

Театрално издигнување на жената на Париската модна недела

Од stylist @StylistMKD · На март 9, 2015

Викендот во кој светот го одбележа Денот на жената, (8ми март) Париз тоа го направи најдобро што може-со јазикот на модата, уметноста и ексцентричноста. Секое издание на Париската модната недела е своевидна револуција во модата. На овој настан се лансираат не само новите трендови за форми и бои, туку и нови технички решенија, нови модни гледишта и изрази. На ова издание, изминатите неколку дена беа претставени низа колекции кои се најдоброто од миксот на уметноста и модата, а дел од нив покажа храброст и револуционерни чекори. Авангардни колекции, вечна елеганција, историски истражувања и патувања во иднината се само дел од приказните промовирани во француската метропола за сезоната есен-зима 2015.

 

Вивиен Вествуд

Vivienne Westwood kolaz1

Борбата за полова еднаквост, како и освестување и бунт за многу општествени прашања и неправди, се рефлактира во новата колекција на Вивиен Вествуд. По неколку сезони себеповторување и реинкарнирање и развивање на старите идеи, британската дизајнерка конечно направи чекор напред и понуди линија која можеби не отстапува од нејзиниот стил, но е чекор напред во нејзиниот дизајн. Линијата е повеќеслојна, еко-осветстена и е микс на стилови, со необичен микс на бедиунски и викторијански парчиња. Дизајнерката не става граница меѓу машките и женски парчиња, па на писта се појавија машки модели во фустани, како и манекеки во машки костумуи со нагласен волумен. Големо внимание предизвика и појавувањето на актерката Гвендолин Кристи, позната по улогата на жената-воин Брина во „Игра на троновите“.

„Селин“

Celine kolaz1
Брендот што ја слави урбаната елеганција, чии парчиња доста се копирани од популарните етикетите за секојдневна облека, лансира линија која е совршен микс на шаренилото на современиот свет и минимализмот на футуризмот. Дизајнерката Фиби Фило, која е препознатлива по својот модерен дизајн, истенчен отмен вкус, повторно одушеви со колекција која поставува нови правила во т.н. новата елеганција. Креациите се со животиснки принтови, отвори и дошивања кои се се само не клаични, а сепак оставаат впечаток на вечна класика. Застапени се крнени парчиња со цветови, неколку сјони, а сепак ненатрупани модели, како и понча и наметки. Боите се неутрални, бела, песок, црна, портокалова, сива и кафена.

Comme des Garçons

Comme des Garcons kolaz1
Можеби најдраматичнта и најексцентрична беше новата колекција на Comme des Garçons за следната есен.Тимот на бребдот птестави костимирани модели, со впечатливи форми, налик на мрачни маскоти. Црните и бели креации се масивни, со театрална појава. Остваат простор за слободна интерпретација и за развој на линија која предсе има иднина на цвенските настапи.

Kenzo

kenzo kolaz1
На авангардниот повеќеслоен тренд, која иако ја натрупува жената со материјали, отлрива слобода на изразување и градење на сосптвен имиџ, ослободен од силните струи на секојдневната мода, се приклучи и тимот на „Кензо“. Колекцијата наменета за современите номади, и луѓе кои сакаат удобност и впечатлив имиџ, содржи асиметрични креации, наметки, понча, прекривки налик на пустинска роба, и капи како на авантуристите и истражувачите во северна Африка од 20-тите и 30-тите години. Од друга страна, Керол Лим и Умберто Леон, во однос на боите се вратиле назад кон природата, нудејќи повеќе нијанси на зелена, како и флорални принтови.

Chloé

Chloe kolaz
Хипи-стилот од 70-тите години, кој на голема врата се врати оваа година е во сржта на есенската линија на Chloé. Понудени се долги лелеави фустани, флорални модели, збојатени со тенки црни марами околу вратот и елечиња. Тука се лелените кошули, и долите палта, со машки крој, широките палнатлони со висока половина, како и модели инспирирани до традиционалната иднијанска облека. Бохо имиџот  е дополнет со реси и тантелата со кои се порабени лежерните креации.

Elie Saab

Elie Saab kolaz1
Ревиите на Elie Saab секогаш предизвикуваат големо внимание кај љубителите на свечени креации, кај идните невести и кај тие што ги следат трендовите на црвениот килим. Обично на шоуата на овој дизајнер изобилува со женственост, секспаил, роматичност и широка палета на бои и рачни везови. Ревијата во Париз беше сето тоа, но многу помрачна и помистична од она на кое ги навикна Elie Saab медиумите и своите клиенти. Колекцијата стартува со панталони и костуми во црна, темносина и темноцрвена боја, а се разви во драматична секси линија, која исто така беше во тој мрачен стил. Дури и цветните парчиња во себе носат мистичност.

Maison Margiela

Maison Margiela  kolaz

Лудата генијалност на Џон Галијано, одлично се рефлектира во новата колекција преставена на Париската модна недела. Под називот, „Лудата дама со мачките“, не беше само одличен и театрален преформанс, туку и солиден дизајнерски приказ, на совремата жена, која има свои чудни опсесии. Во линијата за Maison Margiela создаде баланс меѓу уметничкото лудило, дизајнерската ексцентричност и удобната и носива облека. Иако навидум стајлизните се хаотични,  потајно се подредени со голема прецисност, не само во дизајнот туку и во изборот на бои.

70-титеChloéComme des GarçonsMaison Margielaавангарден стилбохо стилГвендолин Кристиесен 2015есен-зима 2015КензоМодна недела во ПаризПаризпариска модна неделаСелинУмберто ЛеонФиби Фило
Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • 2 ревии

    Chanel Métiers d’art колекцијата претставена на ревија во замок и со едно лице во публика

  • IMGL1485 ревии

    Модна ревија во Штип: Поглед во сегашноста и иднината на текстилната индустрија во Македонија

  • 1 louis vuitton ревии

    [ВИДЕО] Политичка порака и моќен изглед од 80-тите во новата колекција на Луј Витон

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • cardin

    ПЈЕР КАРДЕН (1922–2020): Првиот футурист во модата и пионер на модното брендирање

Модна азбука

  • Poncho

    ПОНЧО – префрлена наметка со отвор за глава

    ноември 20, 2020

Видео

  • pedro horisonte

    Слушаме македонска музика: „Чекајќи“ на Педро Хоризонте

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • 1

    МОДЕН ТРЕНД: Штепуваните јакни најстилски сезонава

    јануари 15, 2021
  • 1

    Инстаграм профил кој го лови стилот на парижаните

    јануари 14, 2021
  • cokoladen puding

    Брз и здрав чоколаден десерт со необична состојка

    јануари 14, 2021
  • gucci

    Дизајнерски чанти што ќе бидат хит за 2021

    јануари 13, 2021
  • 1

    Мода во портокалова боја за енергичен старт на годината

    јануари 13, 2021

Убавина

  • Revalid

    Погледнавме одблиску: зошто цветот од еделвајс е „преживувачка ѕвезда“

    декември 25, 2020
  • 3

    Млечен маникир со златни детали

    декември 21, 2020
  • Elena i Ljubica - A Star is Born

    REVALID®: Елена и Љубица ја откриваат иновацијата против стареење и тенка коса

    декември 4, 2020
  • guerlain

    Празнична колекција на шминка на Guerlain

    ноември 30, 2020
  • 1 MAC

    M · A · C ја започна празничната сезона со колекција инспирирана од бајките и огнометот

    ноември 24, 2020

Живот

  • cokoladen puding

    Брз и здрав чоколаден десерт со необична состојка

    јануари 14, 2021
  • 1

    Aвенијата Елисејски полиња се претвора во „извонредна градска градина“

    јануари 13, 2021
  • 00

    Прошетка низ футуристичката палата на Пјер Карден

    јануари 10, 2021
  • ?????????????????????????

    Баланс+ оброци за енергетски почеток на денот

    јануари 5, 2021
  • pariche-702x336

    Паричето.мк – платформа за виртуелно вртење пита со паричка

    јануари 5, 2021

Култура

  • cepenkov

    Oнлајн-промоција на осовременетата „Автобиографија“ на Марко Цепенков

    декември 28, 2020
  • literatura

    Новогодишен онлајн-настан на „Арс Ламина“ и „Литература.мк“ со „Фанк шуи“ и Влатко Стефановски

    декември 25, 2020
  • шумковски

    Ретроспективна изложба на Јован Шумковски во Музејот на современата уметност – Скопје

    декември 16, 2020
  • pokana Allthelove

    Изложбата „Сета љубов“ со светски познати уметници од утре во МСУ

    декември 14, 2020
  • lila moss

    Лајла Мос на насловна на Vogue Italia

    декември 8, 2020

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања убавина улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics