Дизајнерот Том Форд ја смени локацијата на која ја прикажа новата колекција и наместо во Лондон на модната недела, креациите за есен-зима 2015/16 ги откри во Лос Анџелес, два дена пред одржувањето на гламурозното доделување на „Оскари“. А гламурот не недостасуваше ни во новата колекција, ниту во првиот ред кој беше пополент со најголемите холивудски ѕвезди. Гвинет, Скарлет, Мајли, Џеј Ло, Ферги, Бијонсе, Рита, и уште многу други познати актери и пејачи ја следеа вчерашната ревија на Том Форд. На пистата покриена со бели цветови манекенките прошетаа во новите креации во кои доминира парчиња од џинс, леопардов принт, крзно, и сексапилни вечерни фустани.
Нема коментари