• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
ревии 0

Модната недела во Њујорк ја редефинира елеганцијата

Од stylist @StylistMKD · На септември 9, 2014

new york glavna1

Редефинирање на елеганцијата, секодјневниот изглед и раскошот, повеќеслојни стајлинзи, комбинација на различни епохи, новитети во принтањето, кроењето, изнаоѓање на нови форми и уште многу иновативни чекори ја одбележуваат актуелната  Модна недела во Њујорк. Најважниот моден настан, со кој почнува сезоната на ревии за престојната сезона пролет-лето 2015, поставува нови стандарди во ready-to-wear колекциите. Слободно може да се спореди со научен симпозиум по мода, каде што натпреварот меѓу креаторите се одвива на ниво на иновативност, а потоа се споредуваат квалитетот и просперитетот на пазарот.  Неделата на мода во Големото јаболко, која трае од 3 до 11 септември,  фасцинира не само со квалитетот , но и со квантитетот. Речиси е невозможно детално да се проследат сите ревии перформанси, па покрај тоа што е предизвик за модните куќи, дизајнерите моделите и стилистите, ова е „кралица“ на модните настани и за новинарите, фотографитеи блогерите… Затоа , не е возможно сите настани да бидат подеднакво истретирани во и онака  ограничениот медиумски простор во магазините, весниците и на сајтовите. Во продолжение се дел од колекциите за пролет-лето 2015 што оставија најголем впечаток.

Дајан фон Фурстенберг  

Diane von Furstenberg kolaz2
Дамата што со декади дава нови патозаки за изгледот на бизнис-дамата и нејзино ослободување од конзервативните костуми, за пролет-лето 2015 најде инспирација во стилот на Брижит Бардо. Нејзи нтепрепознатливи шарени фустани од памук со преклоп, овој пат се подинамични, со повеќе отвори, подлабоко деколте и каро-шара. Флоралните принтови се иведени со колажи , милеа и со недефинирани шарени форми, кои од далеку даваат слика на цвет. Покрај здолништата и фустаните кои се во мека верија на моделите од 50-тите години, има панталони и шорцеви. Ова се креации што може да ги видиме на урбаните хероини, како Кери Бредшо (Сара Џесика Паркер) и Оливија Палермо.  Посебен шмек на ревијата што се одржа викендов, и даде појавувањето на Наоми Кембел како и новата модна миленичка, Кендал Џенер.
Diane von Furstenberg kolaz1
Diane von Furstenberg kolaz3

 

Викторија Бекам

Victoria Beckham kolaz1

Како што созрева Викторија Бекам како дизајнер, така нејзините креации стануваат поминималистички и сè повеќе излегува на површина нејзината отмена страна. Во новата колекција за следната пролет, таа прави нежна верзија на милитаристичките модели. На едноставните форми им додава мининални интервенции, како вметнување на коланот во модело, ситен вез на преклопот, порабување во внатрешната и надворешна страна на палтатаи здолништата, поголем џеб од вообичаено…Иако се мали интервенциите доста се видливи и незаборавни. И изборот на боите е дноставен, валкано-бела, црна и кафена, со мали жолти и бели отскокнувања во вид на цвтене принт.

Victoria Beckham kolaz2

Victoria Beckham kolaz3

 

Каролина Херера

Carolina Herrera kolaz1

Цветните принтови најчесто се врзуваат за пролет-лето сезоната, што на моменти може да биде очигледен, клише избор за да се одбележи една пролетна колекција. Но Каролина Херера, свесно ги земала цветовите како лајт мотив, со намера да ја покаже новата идна форма на флоралната шара. Покрај иновативните графички принт решенија, каде што цветот е ставен во соема нова димензија, таа направила интервенции и на фомрите на креациите, кои даваат впечаток сека се 3Д скулптури. Одличен е и мискот на бои, бела, магента, шеќерно-розова, бела и сива. Се очекува нејзните раскошни креации со тродимензионелани ефекти да најдат примена на црвениот килим, барем кај посмелите катери и пејачки.

Carolina Herrera kolaz2

Carolina Herrera kolaz3

Carolina Herrera kolaz4

 

Алтузара

Altuzarra kolaz1

Најсподелуваната ревија на социјалните мрежи овој викенд, особено на „Инстаграм“, имаше покритие за фасцинацијата кај ѕвздите, новинаритеи блогерите. Младиот Џозеф Алтузара некако ѝ срасна на срце на новата генерација модни икони, а таа љубов ќепродолжи исо заживување на колекцијата пролет-лето 2015, која е ретро во шарите, актулена по формата но напредна во зиведбата. Застапени се карирани фустани  здолништа и кошули, кои можеби потсетуваат на пикник чаршаф, но се наменети за многу повеќе настани, па и за бизнис-изглед и за свечени и вечерни настани.

Altuzarra kolaz2

Altuzarra kolaz3

The Row

The Row kolaz1

Сестрите-близначки Мери-Кејт и Ешли Олсен во својот моден бренд The Row го пресликуваат својот личен бохо-стил, со нагласен волумен и со креации кои потсетуваат на напластени партали. Но колекцијата е сè само не парталава. Во добро осмилени форми, кроеви, кои иако имаат многу ткаенина, не ја бришат модрената и жеснтвена нишка, дури и кај креациите кои се преземеи од машкиот ормар. Налик на современи свештенички, моделите на вчерашната ревија ги донесоа грациозните, футуристички, повеќеслојни креации со слатно-жотла, кафена , црна и бела боја.
The Row kolaz3
The Row kolaz2
The Row kolaz4

 

DKNY

DKNY kolaz1
Наспроти минимализнот, еднонојните креации и елеганцијата, по која обично трагаат дизајнерите во Њујорк, Брендот на Дона Каран, DKNY, понуди повеќеслојна, шарена линија. Во неа нема само храбра комбинација на модеи, туку и на принтови, а над се се и впечатливите тонови. Моделите влечат инспирација од афтиканските племиња и од индијанските носии. Трајб изгледот е заокружен со свтентичен стајлинг.

DKNY kolaz2

DKNY kolaz3

 

Thakoon

Thakoon kolaz1

Трендот на неколкуслојност го продолжува Thakoon со одлилната колекција, која ена неколку нивоа. Миксањето на шарите, материјалите, и моделите не с елучајно, туку секој стајлинг има своја приказна, секоја е уикатна и модерна. Ова е насоката вокоја треба да се движат сите што го сакаат неконвенционалното комбинирње на модели. Направени се иновации и во формите на моделите. Инстересно е што во ниенедн момент крециите не се нападни, парталави и превпечатливи. Тие ја имаат задржано урната елеганција, која ја преферираат њујорчани.

Thakoon kolaz2

Thakoon kolaz3

 

Питер Сом

Peter Som kolaz1

Формулата како да отскокнете од топлата и да не влезете во униформираната шема што трендовите и модните куќи ја наметнуваат секоја сезона, ја има Питер Сом. Таа се крие во основата на новата колекција претставена во Њујорк. Со овие креации нема да изгледате само поинакво, туку и напредно, ова се форми што допрва ќе се развиваат и ќе влезат во секојдневниот изглед на современата дама, која, без разлика дали е бизнис-жена, блогерка, модел или обична следбеничка на модата, ќе го одвлече вниманието на останатите, а притоа нема да биде пренападна.

Peter Som kolaz2

Peter Som kolaz3

DKNYThakoonThe RowЊујоркЏозеф АлтузараАлтузараблогерибохоБрижит БардоВикторија БекамДајан фон ФурстенбергДона КаранелегантноЕшли ОлсенИнстаграмКаролина ХереракежуалКендал ЏенерКери БредшоМери-Кејт ОлсенМодна недела во ЊујоркНаоми КембелОливија ПалермоПитер Сомповеќеслојна облекапролет-лето 2015ревииСара Џесика Паркертрајб
Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • 1 fendi ревии

    Супермоделите Наоми, Кристи и Кејт на ревија на Fendi во Париз

  • prada ревии

    Мијуча Прада и Раф Симонс ја претставија првата заедничка машка колекција

  • 2 ревии

    Chanel Métiers d’art колекцијата претставена на ревија во замок и со едно лице во публика

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • ana de armas

    Францускиот боб на Ана де Армас најавува еден од трендовите на фризури за 2021

Модна азбука

  • Poncho

    ПОНЧО – префрлена наметка со отвор за глава

    ноември 20, 2020

Видео

  • roksanda

    Три генерации жени од семејството на Ванеса Редгрејв во видео на Роксанда Илинчиќ

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • 3

    Свилените марами на Zara можеме да ги носиме на повеќе начини

    март 2, 2021
  • oprah_with_royals

    Принцот Хари и Меган Маркл ја отворија душата во интервју со Опра

    март 2, 2021
  • boss fendi altuzara

    Релаксиран деловен стил

    март 2, 2021
  • ivana manas (5)

    Македонскиот модел Ивана Манас на ревија на Долче и Габана во Милано

    март 2, 2021
  • 3

    Седум идеи со широко карирано сако за овој март

    март 1, 2021

Убавина

  • ECNERIN UreaRepair

    Уреа – ефикасна состојка која се грижи за нега на сувата и груба кожа!

    февруари 24, 2021
  • BeautyFridge

    Кои козметички производи треба да ги чувате во фрижидер

    февруари 11, 2021
  • dior rouge (1)

    Натали Портман во новата кампања за кармините на Dior

    февруари 2, 2021
  • 1 guerlain

    GUERLAIN: Ајде да зборуваме за природна убавина

    јануари 28, 2021
  • EUCERIN Hyaluron_Filler_Skin_Refining_Serum

    Eucerin Hyaluron-Filler Серум за намалување на порите: За кристално сјајна кожа и по првите знаци на стареење

    јануари 27, 2021

Живот

  • oprah_with_royals

    Принцот Хари и Меган Маркл ја отворија душата во интервју со Опра

    март 2, 2021
  • Baked-Feta-Pasta

    ТикТок рецепт: Тестенини со потпечено фета сирење

    февруари 18, 2021
  • maldivi

    Хотелот Waldorf Astoria на Малдиви има најдобра Инстаграм содржина според Forbes

    февруари 17, 2021
  • chloe ting

    ФИТ ФОРМА: Вежби за тенок струк и заоблен задник

    февруари 16, 2021
  • Iqos 4 (1)

    IQOS – алтернатива за возрасните пушачи развиена врз база на научни докази

    февруари 8, 2021

Култура

  • handmaids tale

    Нов трејлер и конечен датум за четвртата сезона на Handmaid’s Tale

    март 1, 2021
  • bienale

    МСУ со отворен повик за престојното 13. Биенале на млади уметници

    март 1, 2021
  • vanity fair (1)

    Светот на фантазијата во холивудското издание на Vanity Fair

    февруари 24, 2021
  • daft punk

    Крај на една музичка ера – Дуото „Дафт Панк“ најави разделба преку видео

    февруари 23, 2021
  • Emma-Stone-Red-Dress-in-Disney-Cruella-Trailer

    Ема Стоун како Круела де Вил – амбициозна дизајнерка со панк-рок стил

    февруари 19, 2021

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања убавина улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics