Оскар де ла Рента отсекогаш бил препознатлив по женствените вечерни тоалети, тој израз во работата го задржаа и Лора Ким и Фернандо Гарсија, кои сега креираат за модната куќа. Дизајнерското дуо, кое во исто време креира за сопствениот бренд Monse, ја прикажа колекцијата за Оскар де ла Рента за пролет-лето 2019 во склоп на Њујоршката модна недела. Но покрај свечените фустани – корсетирани модели со волуменозен долен дел, фустани од тантела и прозрачни од свила, дизајнерите предложија секојдневни и полежерни креации во кои вметнаа доста бои и шари. Се издвојуваат здолништата и фустаните кои изгледаат како споени марами со реси, блузи со широки романтични ракави, цветни фустани, женствени тесни здолништа, и добро стилизирани комбинации како опција за следната пролет.
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари