Донатела Версаче ја презентира новата колекција на висока мода на својот бренд, на стартот на Париската недела на висока мода, покажувајќи помека страна, малку поразлична од вообичаената сексапилна естетика. Во прв план е силуетата, а не разголеното тело. Според Донатела, колекцијата за есен 2016 на couture делот кој се потпишува со Atelier Versace, е љубовно писмо за женското тело. Фокусот е ставен на сложениот спој на драпирање, извртување и виткање на делови од креациите, за да се создаде посложена силуета и форма. Во однос на боите Донатела прави микс на пастелни и појаки бои како црна и црвена.
Ревијата ја отвори супермоделката Карен Елсон, ја затвори уште една друга ветеранка во манекенството Керолин Марфи, а помеѓу се појавија Маријакарла Босконо, Саша Пивоварова, Џоан Смолс, Иселин Стеирo, Бела Хадид, Ирина Шајк. Супермодели и познати личности имаше и во првиот ред, а ревијата ја следеа Наоми Кембел, Бредли Купер и Џенифер Гарнер.
Нема коментари