Мијуча Прада мрачните тонови од претходните колекции ги замени со пастелна шеќереста палета на бои и живописни и романтични модни парчиња во стилот на 60-тите години, една старо-нова естетика која што ја претстави на вчерашната ревија на „Прада“ во рамките на модната недела во Милано. Дизајнерката за есен-зима 2015/16 предлага нова романтика со колоритни костими од твид, пастелни беби-дол фустани укарсени со детали, скулптурални неопрен палта, доминација на А-линија, чевли во „мери џејн“ стил во сите бои, блескави апликации и слаткасти чанти. Мијуча во колекцијата игра на картата на стара романтика, при тоа шармантно ги внесува есенцијалните кодови на „Прада“. Впечатливи се и цветните брошеви, а новата елеганција се пренесува и на нежната шминка и предлогот фризури со подигнато репче потфатено со украс.
Нема коментари