Создавајќи ја новата колекција на „Валентино“ за есен-зима 2019/20, креативниот директор Пјерпаоло Пичоли инспирација црпеше од љубовта и страста, и од поезијата на четворица современи автори со кои дизајнерот соработуваше. Тоа се Грета Беламацина, актерка во еден од филмовите за „Хари Потер“ и поетеса која влегла во конкуренција за наградата за млад поет Лауреат на Лондон (2014), Ирса Дејли-Ворд активист и автор на неколку книги, Mustafa The Poet коавтор на песни за Дрејк и The Weeknd, и Роберт Монтгомери, шкотски поет и уметник кој создава големи јавни инсталации со своите поеми.
Резултатот е книшка насловена On Love (За љубовта) која ја опишува и истакнува романтиката на облеката и етосот на слободата на имагинацијата во оваа италијанска модна куќа. Секој поет посебно имал средба со Пичоли додека дзајнерот ја создавал новата колекција. Тие зборувале за облеката, но и за моќта на љубовта и самоизразувањето.
Како што напиша Беламацина во книшката „Овие песни се инспирирани од креациите на Пјерпаоло, кои го слават секојдневното барање љубов, скршената светлина зад секој ден“. Љубовта како мотив ја има на сликите на прегрнати парови отпечатени на облеката, романтиката во цветните дезени направени во соработа со Џун Такахаши, а поезијата освен што одеше во фон, беше аплицирана врз креациите.
Нема коментари