Легендарната италијанска модна куќа Валентино се врати дома и наместо во Париз новата колекција ја претстави во рамките на Миланската модна недела. За сезоната пролет-лето 2021 куќата и нејзиниот креативен директор Пјепаоло Пичоли одлучија да претстават реинтерпретација на своите класици.
Тимот на Валентино се одлучи за физичка модна ревија со посетители кои седеаа на соодветно растојание. Ревијата се одржа во еден напуштен магацин кој за оваа пригода беше декориран со егзотични цвеќиња – еден вид метафора за животот, кој се пробива низ сите тешки околности, како цветот низ асфалтот.
Цвеќињата се главен мотив во колекцијата – крупни цветни дезени во интензивни бои беа отпечатени или исплетени на облеката. Претставени беа и базични монохроматски комбинации, креации со богата текстура, модели со јаки и флуоресцентни бои, вечерни фустани како за на црвен килим.
Нема коментари