Машката колекција на „Версаче“ за пролет-лето 2020, прикажана викендов на Миланска модна недела, според дизајнерката Донатела Версаче е прослава на современата мажественост. Иконичните дизајнерски кодови на модната куќа, како шарени отпечатоци и иронични нијанси се комбинирани со новата добро скроена силуета во препознатлив потпис на Версаче-стилот. Личното патување на еден млад човек, созревањето и изнаоѓањето на неговата доверба, суптилно се реферирата низ целата колекција.
Машкит костум се враќа преку иновативни силуети, ткаенини и разиграни акценти. Некои од сакоата се во две различни ткаенини, на пример едната страна е црна, другата со ситно каро. Има креации со препознатливиот Версаче-принт со мотивот на Медуза, потоа со животински отпечаток и со тај дај шарата што повторно се врати во мода. Покрај формалните комбинации, прикажани се и комбинации со џинс и шарени маици, кои се инспирирани од 90-тите години и од британскиот бенд Prodigy. На ревијата имаше и неколку женски креации.
За пролет-лето 2020, Versace menswear се осврнува на самоувереноста. Стереотипите на машкиот карактер се предизвикани преку кроеви, ткаенини и принтови, како интерпретација на самодовербата преку максималистичкиот стил на Версаче. „За оваа колекција, сакав да ги истражам елементите што го поттикнуваат мажот. Дефинитивно тоа е самодовербата, слободата и желбата да се изрази без двоумење“, изјави Донатела Версаче.
Нема коментари