Викторија Бекам ја претстави новата колекција на Лондонската модна недела, спој на женственост, едноставни линии и смирена силуета, со референци на 70-тите години и модни предлози кои можат да ги носат деловните жени. Бекам и нејзиниот дизајнерски тим се доследни на препознатливата силуета на брендот во која доминираат миди фустани, елегантни костими, широки панталони, молив-здолништа и ролки, а во колекцијата за есен-зима 2019/20 на црно-белите креации и неутралната палета додадени се неколку интензивни бои.
Нема коментари