Костими во стилот на модата од 70-тите години и лелеави фустани во интензивни бои се клучните парчиња во колекцијата за пролет-лето 2020 што Викторија Бекам прикажна вчера како дел од програмата на Лондонската модна недела. Во големата сала на Durbar Court таа прикажа модели кои се движат – фустани со драпирање, карнери, плисе и долго деколте, а како контраст сакоа, палта, здолништа и панталони со строг крој. Паралелно со новата модна колекција, Викторија Бекам ја најави и сосптвената линија на шминка, што ќе лансира деновиве во својата лондонска продавница.
Нема коментари