Дизајнерката преку колекцијата за есен-зима 2014/15 покажа како би изгледала уште помрачната верзија на „Убавицата и ѕверот“. Преку концептот на страшна бајка која оживува, таа ја прикажува убавината како ѕвер, а манекенките кои се појавуваат во дуална улога, и како убавици и како ѕверови, носат волуменозни темни фустани со пердуви, бели перфорирани и тантелни парчиња во викторијански стил и крзнени палта со широки ракави.
Нема коментари