• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
ревии 0

Монохтоматски цут на „Алшар“ од невиност во сензуалност

Од stylist @StylistMKD · На април 2, 2016

alsar ss2016 (3)
Цутот на јапонските цреши, нежната трансформација на белиот цвет во црвен плод, како своевидна симболика на преминот од невиност во сензуалност, е основата на која креаторката Силвија Михајловска („Алшар“) ја развила приказната на колекцијата „Sakura (In)Fusion“. Моделите за пролет-лето 2016 беа своевидно финале и цреша во успешната прва вечер на 13-тото издание на Моден викенд-Скопје. Присутните во салонот „Порше Македонија“ беа сведоци на модно цутење и созревање на колекцијата- преставено преку бели, црвени и црни монохроматски креации , но и зреење на самиот бренд „Алшар“.

alsar ss2016 (2)

Фото: Ани и Дими

„Sakura (In)Fusion“ е цреша во трпеливо и континуирање градење на „Алшар“. Претставените повеќе од 25 креации беа издржани, со креативна идеја и квалитетна изведба. Дизајнерката наптавила добра фузија на контрасти, споила наводум неспоиви елементи во компакна приказна. Застапени се кроеви што ја следат линијата на телото но се збогатени со елемти со нагалсен волумен, спортски детали и асиметрични акценти, а дел од креаците беа дисретно исшарани со рачно сликани парчиња. И изборот на материјали е микс од различности, во чија основа отскокнуваа брокатот и тантелата.

alsar ss2016 (7)

Фото: Ани и Дими

Михајловска дала свое видување на современата гејша правејќи уникатни но носиви модели. Некаде помеѓу нежното и впечатливото беа и модните додатоци креирани од младата дизајнерка на накит, Елена Ристовска, кои одлично се вклопиле во приказната. Впечатокот беше надополнет со драматичната шиминка и фризурата на манекенките, налик на гејшите. За шминката на манекенките се погрижи официјалниот мејкап партнер „Golden Rose“ во соработка со Зоран Шурбевски и неговиот тим а за фризурите „Lakme“ во соработка со Едукативниот центар „Кариера Плус“.

alsar ss2016 (1)

Фото: Ани и Дими

На своето прво претставување на Моден викенд-Скопје „Алшар“ беше поддржа од „Скопско Чреша“. По ревијата вечерта продолжи со првоаприлска забава во просториите на „Порше Македонија“.

alsar ss2016 (6)

Фото: Stylist.mk Instagram

Во рамките на Моден викенд Скопје можат да се видат и „Fashion&Friends“ кои презентираат инсталација наречена „Fashion Herbarium“ во која впечатливите парчиња од тексас и модните додатоци се прикажани во форма на моден хербариум испреплетени со природни елементи – дрво, зеленило и цветови. Јагода Пачемска од арт-студиото за цвеќе „Фа-Бу“ изложи ексклузивен фустан изработен исклучиво од свежо цвеќе. Во текот на тридневното случување ќе биде изложен и накитот на „Farina’s handmade“. Вечерва, на 2 април, ќе видиме групна ревија на студентите од Факултетот за арт и дизајн при Европскиот универзитет на РМ кој годинава слави петнаесет години од своето постоење. За прв пат на настанот ќе се претстави дизајнерката Тијана Младеновиќ од Србија, која доаѓа преку соработката на Моден викенд Скопје со српската модна организација „БАФЕ“. Следуваат ревиите на модната куќа „Линеа“ и брендот „Elezi Paris“ а за крај на втората вечер ќе ја видиме колекцијата на Ирина Тошева поддржана од „My:Time“ и Министерството за култура на РМ. Модната новинарка Снежана Јаначкоска Богдановска – Сани ќе ја презентира својата прва книга „Моите стории – мојот LIFE“ која наскоро ја очекува и голема официјална промоција.

alsar ss2016 (5)

Фото: Stylist.mk Instagram

Пелистерка и Моден викенд – Скопје, сезонава се обединија за поддршка на Здружението за борба против рак „Борка“ – за секој нов ден, во остварување на следите заеднички цели: Поддршка за Алијансата на пациентски организации (АПО), прогласувањето на година за борба против ракот во Р.Македонија, третманот на малигните заболувања да стане приоритет во здравствениот систем и подготовката на Национална стратегија за борба против малигни заболувања 2016 – 2020 година. Генерален покровител и официјална вода на настанот е минералната вода „Пелистерка“. Официјален кафе-партнер на тринаесеттиот Моден викенд Скопје е „Гранд Кафе“. Официјален дерма бјути партнер е „Vichy”. Официјално возило на настанот е „Porsche“, официјално вино е „Chateau Sopot “ , шампанско “Moet” а официјална водка „Finlandia“. Партнер кој се грижи за нашето здравје „Merz“. „ Ла Тана“ – новиот ресторан за свадбени веселби е нашиот стар кетеринг партнер. Проектни партнери: „My:Time“, „Pakomak“, „Lotus Lounge Chair“, „Баргала“, „ Хотел Арка“, „МДН обезбедување“, „Concept 37“ и „LamiForm“. (А.Н.)

alsar ss2016 (4)

Фото: Stylist.mk Instagram

FWSKЈапонска црешаАлшарМоден викенд-Скопјепролет-лето 2016ревијасалонот на Порше МакедонијаСилвија Михајловска„Sakura (In)Fusion“
Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • paris-couture-fashion-week-2024 ревии

    PARIS HAUTE COUTURE: Видео преглед на новите колекции на висока мода

  • dior saint laurent ревии

    ПАРИСКА МОДНА НЕДЕЛА: Едноставна женственост кај Диор, ринтерпретација на сафари естетиката кај Сен Лоран

  • 11 ревии

    Старт на Париската модна недела со ревиите на Диор и Сен Лоран

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • sarastoi

    Македонскиот модел Сара Стои за престижниот магазин Numero Switzerland

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • skjapareli

    Новата колекција на висока мода на Скјапарели ја слави моќта на трансформацијата

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • tmf revija

    Нови модни импресии на јубилејната 20-та студентска ревија на ТМФ насловена „Вортекс импресии“

    јуни 24, 2026
  • 1

    СТИЛСКА ИДЕЈА: Бела кошула со машки крој

    јуни 17, 2026
  • 1

    Филмот „Скејтбордингот не е за девојчиња“ на Дина Дума светската премиера ќе ја има на фестивалот на Роберт Де Ниро („Трибека фестивал“)

    јуни 1, 2026
  • 1 fondacija frosina kulakova

    Фондацијата „Фросина Кулакова“ и МВР потпишаа меморандум за заедничка борба за поголема безбедност во сообраќајот

    мај 27, 2026
  • 2indog

    Изложбата „Меѓу нас“ на Индог – визуелна приказна за емпатија, надеж и колективна грижа

    мај 27, 2026

Убавина

  • 1 K BEAUTY

    Фестивал на корејска убавина за од 8 до 10 мај и едукативни панели со дерматолози и фармацевти

    мај 6, 2026
  • 3

    Совети за пролетен блескав тен

    април 15, 2025
  • eucerin

    Зимски предизвици на кожата: Како да ја заштитите кожата од загаден воздух и сув воздух во затворени простории?

    јануари 13, 2025
  • eucerin (2)

    Блеснете во Новата година со иновативниот Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

    декември 16, 2024
  • geske

    Грин Мастер Ви ја претставува GESKE® Германската револуција во негата на кожата

    ноември 18, 2024

Живот

  • 1

    Bitola Whisky Fest: Битола како сцена, вискито како причина

    март 31, 2026
  • 1

    Витаминска бомба од 17 состојки

    јануари 9, 2026
  • winter festival

    Предновогодишнa зимска магија на Winter Festival со многу музика и улична храна пред СЦ „Борис Трајковски

    декември 24, 2025
  • Poster-so-logoa-story_1

    Денеска почнува петтото јубилејно издание на SKOPJE WHISKEY FEST

    ноември 6, 2025
  • KID-EXPO--poster

    Овој викенд е посветен на децата – Во Скопје се случува третото, најголемо и највозбудливо издание на Kid Expo

    октомври 2, 2025

Култура

  • 1

    Филмот „Скејтбордингот не е за девојчиња“ на Дина Дума светската премиера ќе ја има на фестивалот на Роберт Де Ниро („Трибека фестивал“)

    јуни 1, 2026
  • 2indog

    Изложбата „Меѓу нас“ на Индог – визуелна приказна за емпатија, надеж и колективна грижа

    мај 27, 2026
  • yes

    Шесто издание на ЈЕС ФЕСТИВАЛ од 14 до 20 мај во Скопје

    мај 12, 2026
  • toska

    Изведба на операта „Тоска“ од Џакомо Пучини на 16 мај во рамките на „Мајски оперски вечери“

    мај 12, 2026
  • 1 (14)

    Мјузиклот „Као какао“ премиерно на 2 и 3 јуни во МНТ

    април 24, 2026

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања стилски идеи улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics