Модниот двоец Доменико Долче и Срефано Кабана ја претставија новата „алта мода“ колекција, италијански пандан на францускиот Haute Couture, а за локација за прикажување креации инспирирани од балет го избраа славниот театар „Ла Скала“ во Милано. Дизајнерите за строго селектираните гости, клиенти и претставници на печатот подготвија неколкудневна тајна програма – коктел забава и презентација на накит, ревија на женската „алта мода“ колекција во петокот, шоу на машката колекција во саботата и на крајот екстравагнатна забава.
Долче и Габана во својата работа често се навраќаат на италијанската историја и култура, а овојпат колекцијата ја посветија на Милано, балетотот и театарот „Скала“ каде што и се одржа модната ревија. А токму таму, Доменико и Стефано ја почнаа презентацијата со балетски настап, по што следеше серија на богато везени драматични фустани, луксузни женски костими во стилот на 50-тите, креации со мотиви на цветови, женствени капути, раскошни наметки и неколку фустани излепени со тетатарски постери. Богат вез и драматични сакоа имаше и во машката колекција која е наменета за следната есен.
Нема коментари