• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
ревии 0

Авангарден крај на Моден викенд-Скопје со Ивана Пиља

Од stylist @StylistMKD · На октомври 28, 2014

ivana pilja (1)
По неколкудневниот маратон со ревии на домашни и регионални дизајнери кои претставија мејнстрим, носиви колекции за секојдневни и свечени прилики, десеттото издание на Моден викенд-Скопје доби сосема поинакво финале – со висока мода.  Во футуристичкиот амбиент на Телеком иновацискиот центар во Скопје вчеравечер се одржа ексклузивната ревија на младата, но веќе добро позната српска дизајнерка Ивана Пиља. Креаторката ја претстави својата колекцијата Semi Song, во која прави успешен експеримент со нови форми на костум, притоа останувајќи доследна на својот авангарден стил и естетика.

ivana pilja (2)

Линијата, која покрај промоцијата во Белград лани беше презентирана и на Модната недела во Лондон, е инспирирана од јапонскиот инсект цикада, локално наречен Семи – интензивно, ситно и чудно суштество… Од нејзините модни интерпретации на овој инсект истовремено ви пролазуваат морници, но и останувате одушевени. Костимите изработени до совршенство нудат паралелна реалност, во која хуманоиди инсекти чекорат меѓу луѓето. Оваа колоритна фантазија се отсликува со секој модел, кај кои покрај впечатливата геометриска форма, во очи паѓаат и реалистичните принтови. Тие како ренгени ја прикажуваат внатрешноста на инсектот и човекот. Моделите, како подвижни скулптури,  беа комплетирани со смела шминка и впечатливи фризури, кои ја заокружуваат драматичната приказна на креаторката.

ivana pilja (3)

Пиља, која често ја наоѓа инспирацијата во јапонската култура за пошироката јавност е позната по соработката со светски познати изведувачки како Лили Ален и Дита Вон Тис. Има работено во компании за спортска и улична мода. Иако во својот израз доста потсетува на покојниот моден гениј Александар Меквин, како и на младите Герет Пју и Марко Митановски, таа има свој препознатлив белег и своја публика. За нејзинара работа има добиено многи признанија, меѓу кои е и наградата на магазинот ELLE за најдобра колекција. Натали Гролиманд, пак, во својата книга Fast Forward Fashion: Where Fashion Defies Function ја вброја меѓу најнапредните дизајнери.

ivana pilja (4)

Во Скопје гостуваше преку соработката на Моден викенд-Скопје со Белградската модна недела во рамките на проектот „Зона 45“ , преку кој се врши размена на дизајнери од регионот.

Со оваа ревија заврши официјалниот дел од јубилејното издание на Моден викенд. Во петок (31.октомври) следува ревијата на дизајнерката Росица Мршиќ, која е во офф-програмата, а во текот на наредниот месец нè очекува и шоуто на Мила Кадриу – двете во организација на тимот на Моден викенд. (А.Н.)

Фото: Stylist.mk
ivana kolaz1
ivana kolaz2

ivana pilja kolaz6
ivana pilja kolaz7
ivana pilja kolaz8
ivana pilja kolaz9

Semi Songавангарден стилБелградска модна неделаИвана ПиљаМоден викенд-СкопјеТелеком иновацискиот центар
Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • paris-couture-fashion-week-2024 ревии

    PARIS HAUTE COUTURE: Видео преглед на новите колекции на висока мода

  • dior saint laurent ревии

    ПАРИСКА МОДНА НЕДЕЛА: Едноставна женственост кај Диор, ринтерпретација на сафари естетиката кај Сен Лоран

  • 11 ревии

    Старт на Париската модна недела со ревиите на Диор и Сен Лоран

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • sarastoi

    Македонскиот модел Сара Стои за престижниот магазин Numero Switzerland

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • skjapareli

    Новата колекција на висока мода на Скјапарели ја слави моќта на трансформацијата

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • tmf revija

    Нови модни импресии на јубилејната 20-та студентска ревија на ТМФ насловена „Вортекс импресии“

    јуни 24, 2026
  • 1

    СТИЛСКА ИДЕЈА: Бела кошула со машки крој

    јуни 17, 2026
  • 1

    Филмот „Скејтбордингот не е за девојчиња“ на Дина Дума светската премиера ќе ја има на фестивалот на Роберт Де Ниро („Трибека фестивал“)

    јуни 1, 2026
  • 1 fondacija frosina kulakova

    Фондацијата „Фросина Кулакова“ и МВР потпишаа меморандум за заедничка борба за поголема безбедност во сообраќајот

    мај 27, 2026
  • 2indog

    Изложбата „Меѓу нас“ на Индог – визуелна приказна за емпатија, надеж и колективна грижа

    мај 27, 2026

Убавина

  • 1 K BEAUTY

    Фестивал на корејска убавина за од 8 до 10 мај и едукативни панели со дерматолози и фармацевти

    мај 6, 2026
  • 3

    Совети за пролетен блескав тен

    април 15, 2025
  • eucerin

    Зимски предизвици на кожата: Како да ја заштитите кожата од загаден воздух и сув воздух во затворени простории?

    јануари 13, 2025
  • eucerin (2)

    Блеснете во Новата година со иновативниот Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

    декември 16, 2024
  • geske

    Грин Мастер Ви ја претставува GESKE® Германската револуција во негата на кожата

    ноември 18, 2024

Живот

  • 1

    Bitola Whisky Fest: Битола како сцена, вискито како причина

    март 31, 2026
  • 1

    Витаминска бомба од 17 состојки

    јануари 9, 2026
  • winter festival

    Предновогодишнa зимска магија на Winter Festival со многу музика и улична храна пред СЦ „Борис Трајковски

    декември 24, 2025
  • Poster-so-logoa-story_1

    Денеска почнува петтото јубилејно издание на SKOPJE WHISKEY FEST

    ноември 6, 2025
  • KID-EXPO--poster

    Овој викенд е посветен на децата – Во Скопје се случува третото, најголемо и највозбудливо издание на Kid Expo

    октомври 2, 2025

Култура

  • 1

    Филмот „Скејтбордингот не е за девојчиња“ на Дина Дума светската премиера ќе ја има на фестивалот на Роберт Де Ниро („Трибека фестивал“)

    јуни 1, 2026
  • 2indog

    Изложбата „Меѓу нас“ на Индог – визуелна приказна за емпатија, надеж и колективна грижа

    мај 27, 2026
  • yes

    Шесто издание на ЈЕС ФЕСТИВАЛ од 14 до 20 мај во Скопје

    мај 12, 2026
  • toska

    Изведба на операта „Тоска“ од Џакомо Пучини на 16 мај во рамките на „Мајски оперски вечери“

    мај 12, 2026
  • 1 (14)

    Мјузиклот „Као какао“ премиерно на 2 и 3 јуни во МНТ

    април 24, 2026

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања стилски идеи улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics