Првата вечер на есенскиот Моден викенд беше заокружена со ревијата на Atelier Kocareva и колекцијата “Art deco”, женствена, деликатна и раскошна колекцијатж, затоа што раскажува приказна за токму таква, безвременска жена изразена преку софистицирана, гламурозна а смела визија. Секое парче е индивидуализирано, изработено од уникатни материјали (природни пердуви, рачни везови) и на посебен начин го осликува совршениот стил на 20-тите години.
Нема коментари