• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
ревии 0

Деликатен бохо-хипи стил со автентичен потпис на Лидија Георгиева

Од stylist @StylistMKD · На април 4, 2016

1 lidija georgieva ani i dimi

Познатата дизајнерка Лидија Георгиева вчеравечер го затвори моден викенд со разигран перформанс преку кој ја претстави новата The Cherry Blossom Collection, микс на суптилни референци на бохо-хипи стил, цитати од нејзиниот познат панк-рок јазик и софистицирана андрогеност, споена во инспирацијата и мотивот на црешов цвет. Покрај модниот микс, дизајнерката направи и мешавина на манекенки, танчери, познати личности и нејзини клиенти и пријатели, кои се појавија на пистата за да го заокружат нејзиното претставување, но и да ја прикажат взаемната комуникација со авторот чиј израз го преферираат во сопствениот стил. Имено, ревијата почна со играта на членови на Скопје танцовиот театар на Рисима Рисимкин, и со весела прошетка на познати ликови и пријатели на пистата, љубители на креации на Георгиева, меѓу кои и амбасадорката на Франција во Македонија Лоренс Оер, кои излегуваа од зад сцената и седнуваа во првиот ред, за да продолжи со дефилето што го започна актерката Сања Арсовска која заедно со манекенките ја раскажа приказната за колекцијата.

2 lidija georgieva ani i dimi

Мотивот на црешовиот цут од насловот на колекцијата е отсликан во принт со јаки овошни бои на белата кошула што ја носешете актерката Арсовска, за потоа да се редат препознатливите елементи на дизајнерката – задолжителното плетиво, фустани од прозрачни материјали, тантела, навезени детали, многу рачна работа, шик женски смокинзи – и за неа новиот излет во 70-тите и бохо стилот кој нетенденциозно поврзува со светските трендови, но го следи карактерот на нејзиниот израз. „Тоа е време на пробивање на постоечките граници, голем ентузијазам во откривањето на нови култури и начин на живот, експанзија на масовната култура и рокенрол индустрија, борба за љубов и мир“, вели за периодот од 70-тите. Белата и светлите тонови ја поздравуваат пролетта, но има и серија на креации во црна боја, секогаш застапена во нејзините колекции. Дизајнерката понуди неколку верзии на фустани, како и шик комбинации на широки фрак-панталони со женствени и деликатни горни делови, но и со поинтригантни и посмели блузи, со мрежести и детали од кожа. Ревијата беше надополнета со музика на DJ Egotrip, стајлингот на шапки, маски и украси за коса, а манекенките носеа чевли од бутикот ВИА. (К.Т.)

5

Актерката Сања Арсовска одлична и како модел (Фото: Stylist.mk Instagram)

3 lidija georgieva ani i dimi (1)

Плетиво, рачно везење, транспарентни делови препознатливи за Георгиева (Фото. Ани и Дими)

3 lidija georgieva ani i dimi (2)

Бохо-хипи шик од 70-тите во колекцијата „Црешов цвет“ (Фото: Ани и Дими)

23

(Фото: Stylist.mk Instagram)

70-тиDJ EgotripFWSKThe Cherry Blossom Collectionбохо стилБохо-шикЛидија ГеоргиеваЛоренс Оермакедонски дизајнериМоден викенд-Скопјемодна ревијаСања Арсовска
Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • paris-couture-fashion-week-2024 ревии

    PARIS HAUTE COUTURE: Видео преглед на новите колекции на висока мода

  • dior saint laurent ревии

    ПАРИСКА МОДНА НЕДЕЛА: Едноставна женственост кај Диор, ринтерпретација на сафари естетиката кај Сен Лоран

  • 11 ревии

    Старт на Париската модна недела со ревиите на Диор и Сен Лоран

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • ?????????????????????????????????????

    30. Моден Викенд Скопје: Заедницата како срце на модата

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • skjapareli

    Новата колекција на висока мода на Скјапарели ја слави моќта на трансформацијата

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • 1

    „Одбери ја твојата бајка“ тема на традиционалната студентска ревија ан ТМФ

    јуни 25, 2025
  • Danilo-and-Sharon-Studio-079

    Манекенката Горјана Кулишевска–Џоја во фантастичен едиторијал за српски Elle

    јуни 5, 2025
  • 1hm

    H&M Studio ни носи смели скулпторски костими за капење во капсулната колекција Pre-Summer 2025

    јуни 3, 2025
  • 1

    Кошули со сино-бели пруги во пролетни комбинации

    јуни 3, 2025
  • 1

    „YES ФЕСТИВАЛ” се отвора со три промоции на книги за деца и млади

    мај 26, 2025

Убавина

  • 3

    Совети за пролетен блескав тен

    април 15, 2025
  • eucerin

    Зимски предизвици на кожата: Како да ја заштитите кожата од загаден воздух и сув воздух во затворени простории?

    јануари 13, 2025
  • eucerin (2)

    Блеснете во Новата година со иновативниот Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

    декември 16, 2024
  • geske

    Грин Мастер Ви ја претставува GESKE® Германската револуција во негата на кожата

    ноември 18, 2024
  • naslovna

    Што препорачуваат дерматолозите како ефикасно решение против пигментација на кожата

    ноември 5, 2024

Живот

  • 1

    Златни покани се прошируваат низ Скопје на мистериозен начин – но за што служат тие?

    мај 12, 2025
  • Women in tech & Metergram (1)

    МОЌТА НА ИДНИНАТА: Иновации и новости во технологијата за полнење електрични возила

    мај 6, 2025
  • 1000001178

    Скопје Фуд Парк – нова гастро дестинација во градот

    мај 5, 2025
  • Gush i bac

    Инклузивен настан „Гуш и бац е љубов“ на 11 мај на Школка

    мај 5, 2025
  • veligdenski jajca

    Природен начин на бојадисување велигденски јајца

    април 15, 2025

Култура

  • 1

    „YES ФЕСТИВАЛ” се отвора со три промоции на книги за деца и млади

    мај 26, 2025
  • Plakat_myselves_page-0001

    Затворање на фестивалот Танц фест со француската иновативна танчерска претстава MYSELVES

    мај 12, 2025
  • ?????????????????????

    Вечерва се отвора изложбата „Црвен се барјак развева“

    мај 9, 2025
  • KV SGF 2025

    На 13 мај започнува Скопски Градски Фестивал – Пет дена културна синергија на низ звуци, зборови и слики

    мај 5, 2025
  • ПОЗИВ

    Покана за бесплатна работилница за млади фотографи од Македонија

    април 28, 2025

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања стилски идеи улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics