• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
ревии 0

FWSK: Росица Мршиќ скрои асиметрија и контрасти по мерка на современата жена

Од stylist @StylistMKD · На април 4, 2015

Rosica Mrsic Ani i Dimi (1)

Доследна на својот стил, со елегатно, но храбро експериментирање со формите и кроевите, етаблираната дизајнерка Росица Мршиќ ја создала својата нова колекција за пролет-лето 2015. Во присуство на бројни вљубеници на модата и на работата на креаторката, новите модели беа промовирани вчера, на првата вечер од ревискиот дел на пролетниот Моден викенд-Скопје, во катната гаража „Солунски конгрес“.

rosica kolaz1

Фото: Stylist.mk

Фустаните, здолништата, блузите и три-четврт панталоните, иако ја задржуваат строгоста на формата, во реализација добиваат модификации по вкус на современата жена која е во постојано движење.  Дизајните се резултат на експериментирање со асиметрични кроеви и контрастни бои, а се преобразени во навидум едноставни парчиња облека, кои на места имаат повеќеслојни детали. Контрастот на чистите наспроти комплексните и впечатливи линии е нагласен со игра на белата, црната, жолтата, циклама и црвената боја, како и со ситни дезени, кои на моменти даваат ефект на прелевање.

rosica kolaz2

Фото: Stylist.mk

Во целина креациите се избалансирани, истовремено дискретни и впечатливи. Ги сокриваат недостатоците, а ја истакнуваат женственоста. Секое од парчињата може да најде примена во бизнис-имиџот, во секојдневниот урбан изглед, но и во посвечените и вечерни варијанти. Во тоа допринесуваат не само кроевите и нијансите, туку и пријатните материјали,  кои даваат удобност за носење во пролетните и летни денови.

rosica kolaz3

Фото: Stylist.mk

Стајлизните беа умешно надополнети со чевли од скопскиот бутик ВИА, а моделите од агенцијата „Подиум“ имаа минималистичка шминка и фризура, какви што прилегаат на моделите од колекцијата пролет-лето 2015. Креациите покрај досегашните продажни места: студиото на Мршиќ, бутикот ВИА, во концептуалната продавница Lotus Design Storе и онлајн продавницата Bastet Noir сега се достапни и на интернационалните онлај продавници како  Youngrepubliuc, Yeloox, Etniico и Mytrnd. Во фокусот на креаторката наредниот период ќе биде и ширење на продажбата во САД.

rosica kolaz4

Фото: Stylist.mk

Моден викенд-Скопје продолжува вечерва со групна модна ревија на студентите од Факултетот за арт и дизајн при ЕУРМ наречена Артерија-Антерија и истоимената изложба на професорите од ЕУРМ, модните ревии на Ивана Цветковска, Алмир Мили, Флутура Дедиња, Ирина Тошева поддржана од My:Time и Јована Марковиќ. Вечерва ќе бидат презентирани и маичките дизајнирани од Алмир Мили и Ивана Цветковска со кои ја поддржаа кампањата „Стоп за насилството врз жените и девојчињата-сега“ на Канцеларијата на УНДП во Скопје. Веднаш по ревиите и вечерва ќе има Red Bull забава во кафулето „Концепт 37“. (А.Н.)

rosica (2)

Фото: Stylist.mk

rosica (1)

Фото: Stylist.mk

rosica kolaz5

Фото: Stylist.mk

rosica kolaz6

Фото: Stylist.mk

Rosica Mrsic Ani i Dimi (2)

Фото: Ани и Дими

асиметријаВиаконтрастиМоден викенд-Скопјепролет-лето 2015Росица Мршиќформи
Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • cover-1 ревии

    Видео преглед на ревиите од Париската модна недела

  • valentino ревии

    Розова женственост во модна интерпретација на Валентино

  • off white ревии

    Супермоделите и познатите на емотивната ревија на Off-White во Париз

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • H&M

    Модниот бренд H&M конечно во Македонија – летово се отвора првата продавница во Скопје

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • 1

    „Љубовна парада“ – спектакуларна ревија на Гучи во Холивуд

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • hristijan mladenovski (4)

    Колекцијата „Во цут“ на Христијан Младеновски инспирирана од ренесансни мотиви и уметност

    јуни 25, 2022
  • 1

    Креациите на МХК претставени на ревија пред модниот салон на Wolford

    јуни 25, 2022
  • msu

    Европските уметници Жмијевски и Алтхамер ќе создаваат колажни дела во МСУ, а дел од нив ќе ги подарат на музејот

    јуни 23, 2022
  • 1 tmf

    Модна интерпретација на темата Метаверзум или универзум? на завршната ревија на студентите на ТМФ

    јуни 23, 2022
  • mango

    ИНСТАГРАМ ИНСПИРАЦИЈА: Што носат Манго девојките оваа сезона

    јуни 22, 2022

Убавина

  • 1 (8)

    Шведскиот beauty-tech бренд FOREO достапен на продажните места во Neptun

    јуни 16, 2022
  • spf

    Грешки што не треба да ги правиме при употреба на креми со заштитен фактор

    јуни 8, 2022
  • 60197676_2455248107820681_5289026189485146112_n

    Видео туторијали: Бронзена и сјајна шминка за ултимативен летен изглед

    јуни 8, 2022
  • celulit 1

    Брзински план против целулитот

    јуни 6, 2022
  • neon french

    #NeonFrench – Пролетен француски маникир со флуоресцентни врвови

    мај 28, 2022

Живот

  • Watermelon-margarita

    Watermelon Magrarita – розова и освежителна верзија на познатиот коктел

    јуни 22, 2022
  • almond-milk.jpg

    Како да направите бадемово млеко

    јуни 16, 2022
  • design icons stylist

    Design Icons: Изложба на култни дизајнерски парчиња мебел од иконите на модернизмот во салоните на „Смарт ливинг“ и „Каре“

    јуни 2, 2022
  • Денови на хуманост-1

    Од денеска до петок „Денови на хуманост“ за помош на бeгалците од Украина во Мош бар

    мај 25, 2022
  • 1

    Овални и заоблени каучи – ретро тренд на мебел што се врати во мода

    мај 25, 2022

Култура

  • msu

    Европските уметници Жмијевски и Алтхамер ќе создаваат колажни дела во МСУ, а дел од нив ќе ги подарат на музејот

    јуни 23, 2022
  • unnamed (2)

    Музичка промоција на книгата „Забранети луѓе“ од џез-вокалистот Џон Илија Апелгрен

    јуни 15, 2022
  • tiiiit

    Едукативни работилници со уметницата Селма Селман

    мај 27, 2022
  • ?????

    Познатиот уметник Ахмет Огут за изложбата „Скокни“ во МСУ ќе изработи ново дело инспирирано од солидарноста по скопскиот земјотрес

    мај 25, 2022
  • Terran-Fragments-flyer--landscape

    Изложба на проширено кино „Терански фрагменти“

    мај 25, 2022

Тагови

Vogue Инстаграм Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics