Сестрите Хадид, Вини Харлоу, Барбара Палвин, Кендал Џенер, Кендис Свинпул, Бехати Приснлу прошетаа вчера на модната писта на годишната ревија на брендот за долна облека „Викторија сикрет“ што се одржа во Њујорк, а особено емотивна беше Адријана Лима која изјави дека ова 19-то појавување ќе биде и нејзино последно. После дведецениска соработка со „Викторија сикрет“, Бразилката ги „спушта“ ангелските крилја на брендот.
Тематски ревијата на „Викторија сикрет“ беше поделена на неколку делови, со класични модели на долна и облека и спортски предлози, потоа имаше модели со шкотско каро, долна облека и украси инспирирани од соѕзвездија, како и колекцијата направена во соработка со дизајнерката Мери Катранзу.
Внимание привлече скапоцениот Pure Fantasy градник, направен од преку 2.100 Сваровски дијаманти, и кој е вреднуван на еден милион долари. Градникот го носеше шведската манекенка Елза Хоск.
Како и на секоја ревија на „Викторија сикрет“, модното шоу е збогатено со музика на сцената, вчера настапија Биби Рекса, Рита Ора, Хелси, Шон Мендез, „Чеинсмокерс, Келси Балерини и „Стратс“.
Нема коментари