Иако колекциите на Викторија Бекам се дефиницијата за женственост, елеганција и минимализам, сепак со секоја нова линија наоѓа начин како да ги помести границите, и притоа да остане доследна на својот стил. Со новата колекција за пролет-лето 2018 прикажана на Модната недела во Њујорк таа наоѓа нова димензија на овие постулати. Моделите се со мек крој, инспириран од машкитекласични парчиња како и од стандардната бизмис облека за жени. Употребила нежни, трансапелнтни материјали, кои ја следат женстаа силуета, но притоа и даваат слобода и воздужест ефект при движењето, без да откриваат многу.
Креациите дискретно се збогатени со мониста и карнери аплицирани кај мантилите, на краевите од панталоните и околу вратот кај долгите кошули. Во фокуот се мантилите без ракави и со карнери, големите палта и кошули со нагласени рамена, неизбежните женствени фустани и здолништа, како и долгите широки панталони. Палете на бои се ограничена на бела, светло сина, карамел, светло розова, корално црвена и црна. Интересно е што чевлите се подраматични од вообичаено. Бекам одлучила изгледот да го заокружи со виолетови, зелени и сини светкави високи потпетици.
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари