Дизајнерот на модната куќа Валентино, Пјерпаоло Пичоли, за сезоната есен-зима 2022/23 ја предложи колекцијата Valentino Pink PP, во која наместо препознатливата Валентино-црвена, внесе розова боја. Женственоста е главната тема на колекцијата, а дизајнерот покажа дека и интензивно розовата може да биде елегантна. Креациите од ревијата што се одржа на Париската модна недела нѐ пренесоа во некој сонлив и бајковит свет, во кој забораваме на сите проблеми. Дури 40 комбинации беа целосно розово обоени, а покрај тоа во колекцијата видовме и машки модели и креации во црна боја.
Нема коментари