Пурпурно виолетов фустан со волуменозни и плисирани карнери носеше Ријана на доделувањето на наградите на NAACP, односно награди што ги доделува американската асоцијација за унапредување на обоените луѓе. Креацијата на Ријана е од колекцијата на висока мода на „Живанши“ за пролет 2020, а таа го комбинираше со виолетови сандали со тенки ремчиња и со раскошен накит.
Популарната пејачка, актерка и моден/бјути могул на NAACP Image Awards беше наградена за нејзиниот исклучителен допринос на полето на филантропијата и за работата на нејзината фондација „Клара Лајонел“ преку која се финансираат иновативни образовни програми во кризни подрачја ширум светот.
View this post on Instagram
“We can only fix this world together. We can’t do it divided. I can not emphasize that enough. We can’t let the desensitivity seep in.” Thank you for your powerful words @badgalriri – you are an icon & an inspiration to us all. A post shared by STYLE MONUMENT (@stylemonument) on
Нема коментари