• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
уметност 0

Јубилеј на Рисима Рисимкин со претставата „ИДЕНТИТЕТИ – Историја на еден растегнат сон“

Од stylist @StylistMKD · На август 14, 2020

risima risimkin (2)

КРУНА НА ЈУБИЛЕЈНИТЕ ТРИЕСЕТ ГОДИНИ КОРЕОГРАФСКО ТВОРЕШТВО НА РИСИМА РИСИМКИН

Еден од водечките домашни кореографи, уметнички директор на светски реномираниот Скопје Танц Фест и основач на првата официјална компанија за современ танц во земјава, Рисима Рисимкин, годинава одбележува триесет години активно кореографско творештво. На 18.08.2020, во 21:00 часот, со претставата „ИДЕНТИТЕТИ – Историја на еден растегнат сон“, Рисимкин ќе го одбележи јубилејот во предворјето на црквата Св. Софија во Охрид, како дел од годинешното издание на Охридско лето 2020.

„Среќна сум што и покрај ситуацијата која нѐ затекна успеваме да најдеме начин на работа и  делење на уметноста со нашата публика, што е и есенцијално. Сметам дека одбележување триесет години активна работа во полето на современиот танц на 60-ото издание на манифестација како што е Охридско лето е вистинскиот начин да се прослави овој јубилеј. Посебно се чувствувам поврзана со овој наш фестивал, бидејќи токму таму, во 1996 година започна „Неделата на модерен балет“ во организација на Интерарт културниот центар, како прва организирана манифестација за современ танц во Македонија, благодарение на слухот и препознавањето на визијата која ја имавме, од страна на тогашниот селектор, госпоѓа Снежана Чадикова.  Се надевам дека публиката ќе ужива во претставата, што со толку љубов ја подготвуваме. Се чувствуваме како повторно да го откриваме храмот на уметноста, која, сигурна сум, ќе го спаси светот.

risima risimkin (1)

Во претставата учествува една извонредна танчерска и креативна екипа, на Скопје танцовиот театар, кој оваа година во своите редови ги вклучува Адријана Данчевска, Анастасија Данчевска, Дејан Битровски, Валентино Апостоловски, Бобан Русески и Исидора Краљевска. За прв пат, како кореограф остварувам соработка со првенката на Националната опера и балет, Мими Поп-Алексова и сум исклучително задоволна од процесот на креирање“, истакна Рисимкин.

Претставата е во кореографија и режија на Рисимкин, на музика на Тони Китановски, костимите се на нејзиниот долгогодишен соработник Благој Мицковски, а сценографијата е со потпис на Матеа Мијановиќ.

Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • ПОЗИВ уметност

    Покана за бесплатна работилница за млади фотографи од Македонија

  • msu уметност

    „МСУ – Скопје ремек дела за сите“, единствен македонски проект избран од „Фондот за културно наследство Хедли за Југоисточна Европа“

  • Prague-1 уметност

    По Кунстхале Виена, изложбата „Ниедно чувство не е конечно. Колекција на солидарноста, МСУ Скопје” се отвора во Прага

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • sarastoi

    Македонскиот модел Сара Стои за престижниот магазин Numero Switzerland

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • skjapareli

    Новата колекција на висока мода на Скјапарели ја слави моќта на трансформацијата

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • tmf revija

    Нови модни импресии на јубилејната 20-та студентска ревија на ТМФ насловена „Вортекс импресии“

    јуни 24, 2026
  • 1

    СТИЛСКА ИДЕЈА: Бела кошула со машки крој

    јуни 17, 2026
  • 1

    Филмот „Скејтбордингот не е за девојчиња“ на Дина Дума светската премиера ќе ја има на фестивалот на Роберт Де Ниро („Трибека фестивал“)

    јуни 1, 2026
  • 1 fondacija frosina kulakova

    Фондацијата „Фросина Кулакова“ и МВР потпишаа меморандум за заедничка борба за поголема безбедност во сообраќајот

    мај 27, 2026
  • 2indog

    Изложбата „Меѓу нас“ на Индог – визуелна приказна за емпатија, надеж и колективна грижа

    мај 27, 2026

Убавина

  • 1 K BEAUTY

    Фестивал на корејска убавина за од 8 до 10 мај и едукативни панели со дерматолози и фармацевти

    мај 6, 2026
  • 3

    Совети за пролетен блескав тен

    април 15, 2025
  • eucerin

    Зимски предизвици на кожата: Како да ја заштитите кожата од загаден воздух и сув воздух во затворени простории?

    јануари 13, 2025
  • eucerin (2)

    Блеснете во Новата година со иновативниот Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

    декември 16, 2024
  • geske

    Грин Мастер Ви ја претставува GESKE® Германската револуција во негата на кожата

    ноември 18, 2024

Живот

  • 1

    Bitola Whisky Fest: Битола како сцена, вискито како причина

    март 31, 2026
  • 1

    Витаминска бомба од 17 состојки

    јануари 9, 2026
  • winter festival

    Предновогодишнa зимска магија на Winter Festival со многу музика и улична храна пред СЦ „Борис Трајковски

    декември 24, 2025
  • Poster-so-logoa-story_1

    Денеска почнува петтото јубилејно издание на SKOPJE WHISKEY FEST

    ноември 6, 2025
  • KID-EXPO--poster

    Овој викенд е посветен на децата – Во Скопје се случува третото, најголемо и највозбудливо издание на Kid Expo

    октомври 2, 2025

Култура

  • 1

    Филмот „Скејтбордингот не е за девојчиња“ на Дина Дума светската премиера ќе ја има на фестивалот на Роберт Де Ниро („Трибека фестивал“)

    јуни 1, 2026
  • 2indog

    Изложбата „Меѓу нас“ на Индог – визуелна приказна за емпатија, надеж и колективна грижа

    мај 27, 2026
  • yes

    Шесто издание на ЈЕС ФЕСТИВАЛ од 14 до 20 мај во Скопје

    мај 12, 2026
  • toska

    Изведба на операта „Тоска“ од Џакомо Пучини на 16 мај во рамките на „Мајски оперски вечери“

    мај 12, 2026
  • 1 (14)

    Мјузиклот „Као какао“ премиерно на 2 и 3 јуни во МНТ

    април 24, 2026

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања стилски идеи улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics