• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
едиторијал 0

Свеж бран на бои и форми во колекцијата Colorscape на Росица Мршиќ

Од stylist @StylistMKD · На јули 10, 2020

rosica mrsik colopscape

Росица Мршиќ ја претставува својата најнова колекција Colorscape, работена во вонредни изолациски услови, која носи нов свеж бран на бои и форми. И со оваа, 23-та колекција по ред, дизајнерката во континуум од 2009 година, доследно ги пласира и ја усовршува нејзината естетика со своите лимитирани, современи и автентични колекции на домашниот и интернационалниот пазар, и се обраќа на вистинските љубители на дизајнот. Брендот креира облека со емотивна вредност и трајно квалитетни парчиња што клиентите ги носат секој ден со уживање, а стилот излегува од рамките на трендовите и диктира нови храбри изрази.

Rosica Mrsik

Дизајнерката Росица Мршиќ ја преставува новата колекција Colorscape

Новата колекција е инспирирана и разработена по принципите на апстрактниот класицизам или ‘hard-edge’ сликарство, чии зачетоци се во 50-те години на минатиот век во Калифорнија, САД. Дефинирани рабови, апстрактни геометриски форми, индустриски сензибилитет, интерпретација помеѓу рамнина и длабочина во пулсирачки бои и форми која е конструирана во слоевит пристап кон композиција се принципите по кои е работена оваа колекција. Колекцијата е одговор на новата реалност и потребите кои ги живееме: нуди ведро и позитивно чувство, отсликува релаксираност и потреба за разиграност, а ја носи препознатливата лесна софистицираност и изгладена естетика на дизајнерката. Силуетата е опуштена и мека, изработена од фини и деликатни материјали, носи графичност и апстрактни форми во својот крој, како и јасно дефинирани геометриски линии преку кои се спојуваат контрастните бои во планирана композиција. Како и секоја колекција акцент е ставен на “statement” фустани по кои е препознатлива дизајнерската работа на Росица Мршиќ. Колекцијата се состои од различни ‘day to night’ комбинации кои можат да бидат стилизирани во повеќе насоки: спортски, елегантни и софистицирано кежуал. Дизајнерката се охрабри да внесе колорит во оваа колекција и да создаде изглед кој лесно и удобно се носи. За дополнување на изгледот изработени се марами со комбинирани впечатливи бои со авторски принт на дизајнерката, кои ја заокружуваат идејата на колекцијата.

photo 1

Брендот Росица Мршиќ со секоја модна колекција го продолжува својот креативен предизвик и препознатливост во изразот, а во суштина е базирана на принципите на одржлива мода и ‘slow fashion’ која претставува висококвалитетна мода за уживање на одговорен и одржлив начин. Тоа што го прави брендот препознатлив е создавањето на уникатна облека која се носи и трае долго, со фокус кон одржливост и етичко и фер однесување во целиот процес на производство. Со применување на уметноста на изработка и посветеноста кон секој детаљ и секое парче облека, преку артизанските вештини на изработувачите и автентичноста на дизајнот, студиото на Росица создава мода по мерка која допринесува кон одржливоста на модната индустрија, се грижи за животната средина и создава космополитски модни парчиња во кои секој ќе биде забележан.

photo 2

Оваа сезона дизајнерката беше поканета да биде специјален интернационален гостин на модна недела во Романија, но заради ситуацијата со пандемијата, одложен е настанот а дизајнерката ќе има можност да учествува во неговото дигитално издание. Росица Мршиќ е интернационално наградувана дизајнерка, чија работа до сега била присутна во многу странски земји и градови: Њујорк, Виена, Цирих, Лозана, Минхен, Софија, Белград, Дубаи, Љубљана, како и во реномираната американска стоковна куќа ‘Macy’s’.

Новата колекција е достапна и може да се погледне во студиото на дизајнерката, во бутик Виа, како и на онлајн продавницата и интернационалните онлајн платформи каде се достапни колекциите на Мршиќ.

photo 3

Фотографија: Бисера Поповска/ Модел: Софија Симоноска (Моделс Ин)/ Шминка: Јована Косиќ/ Чевли: Бутик Виа

photo 4

photo 5

photo 6

photo 7

photo 8

photo 9

photo 10

ColorscapeЈована КоциќБисера Поповскаколекцијамакедонска модамакедонски дизајнериРосица МршиќСофија Симоноска
Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • 1stefanija едиторијал

    Модна колекција „Вечност“ на Стефанија Насеска инспирирана од златните маски од Требеништа

  • angie m (13) едиторијал

    OCEAN MYSTIQUE на Angie M. – колекција на костими за капење и облека за на плажа со која стилски ќе нурнете под океанот

  • 0 едиторијал

    LIMELIGHT на Мите Занов – колекција што ја слави експресивноста, имагинацијата, слободата и индивидуалноста

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • ivana manas (2)

    Нашата Ивана Манас ја отвори ревијата на брендот Токио Џејмс на Миланската модна недела

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • skjapareli

    Новата колекција на висока мода на Скјапарели ја слави моќта на трансформацијата

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • 1 valentino

    Почина славниот италијански моден дизајнер Валентино

    јануари 20, 2026
  • 1

    Ролка и капут – топла и удобна зимска комбинација

    јануари 9, 2026
  • 1leopard

    Бидете впечатливи оваа зима со капут со леопардова шара

    јануари 9, 2026
  • 1

    Витаминска бомба од 17 состојки

    јануари 9, 2026
  • a2f7f1c14b9ac6a09a3e891fe494ab6e

    Модни идеи за деловен изглед во зимските месеци

    јануари 9, 2026

Убавина

  • 3

    Совети за пролетен блескав тен

    април 15, 2025
  • eucerin

    Зимски предизвици на кожата: Како да ја заштитите кожата од загаден воздух и сув воздух во затворени простории?

    јануари 13, 2025
  • eucerin (2)

    Блеснете во Новата година со иновативниот Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

    декември 16, 2024
  • geske

    Грин Мастер Ви ја претставува GESKE® Германската револуција во негата на кожата

    ноември 18, 2024
  • naslovna

    Што препорачуваат дерматолозите како ефикасно решение против пигментација на кожата

    ноември 5, 2024

Живот

  • 1

    Витаминска бомба од 17 состојки

    јануари 9, 2026
  • winter festival

    Предновогодишнa зимска магија на Winter Festival со многу музика и улична храна пред СЦ „Борис Трајковски

    декември 24, 2025
  • Poster-so-logoa-story_1

    Денеска почнува петтото јубилејно издание на SKOPJE WHISKEY FEST

    ноември 6, 2025
  • KID-EXPO--poster

    Овој викенд е посветен на децата – Во Скопје се случува третото, најголемо и највозбудливо издание на Kid Expo

    октомври 2, 2025
  • 1

    Златни покани се прошируваат низ Скопје на мистериозен начин – но за што служат тие?

    мај 12, 2025

Култура

  • novogodisen bazar

    Од денеска до 31 декември новогодишен базар со 50 современи занаетчии во Скопје Сити Мол

    декември 16, 2025
  • Госпоѓа Бовари 3 (2)

    Двојна изведба на балетскиот спектакл „Госпоѓа Бовари“ на 18 и 21 ноември

    ноември 12, 2025
  • 1

    По 40 години, нешто ново од „Бушава азбука“ – „Буквождер“ пристигнува на 8 ноември

    октомври 31, 2025
  • pmg

    Вечерва почнува „ПМГ Рекордингс Фестивал 14“

    октомври 16, 2025
  • KV

    Концерт по повод 100 години од раѓањето на композиторот Микис Теодоракис

    октомври 6, 2025

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања стилски идеи улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics