• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
здрав живот 0

Како безбедно да купувате намирници во време на коронавирус

Од stylist @StylistMKD · На март 18, 2020

shopping

Пандемијата на коронавирусот сосема ни го смени животниот стил и навиките, се менува и начинот на кој купуваме храна и потребни намирници во продавница. Освен ако не сте болни, повозрасни или лица со компромитиран имунолошки систем, купувањето на намирници сè уште може да се направи безбедно. Сепак, постојат неколку упатства кои купувачите треба да ги следат пред, за време и откако ќе се вратат дома од продавница.

За почеток, треба да знаеме дека храната не е непријател. Во принцип, местата што продаваат храна треба да бидат пример за хигиена, а често подлежуваат на санитарна инспекција. Здравствените власти досеа не ја именуваа храната како извор на пренесување, но бидејќи вирусот се шири преку контакт со друг човеки може да живее на одредени површини со часови, па дури и денови, важно е да се минимизираат точките на контакт колку што е можно, особено во повеќето јавни места како самопослугите.

Кога е најдобро време да одите во купување?

Традиционално, рано наутро или доцна во ноќта. Но, поради новонастанатата состојба, познавачите препорачуваат тоа да е порано во текот на денот, кога е најчисто и кога имате подобра шанса да го пронајдете она што го барате. Во одредени продавници ќе начекате ограничување на бројот на купувачи внатре во продавноцата, па бидете подготвени да чекате ред пред самата продавница. Се разбира, внимателно одржувајте растојание од останатите.

Некои продавници во светот деновиве воведоа посебни часови за постарите лица со цел да им се удоволи на лицата кои се најмногу изложени на ризик.

Што да направите пред да одите во продавница

Подтответе список на она што ви треба за дома. Врз основа на тој список и на вашиот буџет, направете концизна листа на намирници за купување и фокусирајте се на тие производи. Не купувајте расиплива храна во голема количина. На пример, свежото овошје и зеленчук обезбедуваат богатство на хранливи материи кои го поддржуваат здравјето на целото тело, и подобруваат имунолошкиот систем, но не ги купувајте во големи количини. Побарајте алтернатива во смрзнатата храна, некои овошја и зеленчуци се дури и похранливи кога се замрзнати (грашок, брокула, спанаќ, шумско овошје, манго, пченка…).

Нема потреба цело семејство да оди во продавница

Не правете непотребна гужва во продавница и не одете семејно во купување. Доволно е еден член од семејството за купува. Децата оставете ги дома. Нема потреба да ги изложувате на опасностите од вирусот, а исто така нив тешко можеме да ги контролираме да не го допираат лицето. Исто така дома треба да останат постарите и сите имуносупресивни лица.

Дезинфицирајте ја околината

Не заборавајте со себе да понесете влажни марамчиња и средство за дезинфекција за повремено бришење на рацете, бидејќи додека сте во продавница секако ќе допрете некој рафт и метална површина. Можете со влажното марамче да ги избришите деловите кои често се допираат, како рачките на корпити и количките. Исто така, поминете и рацете со средство за дезинфекција веднаш по напуштањето на касата.

Останете фокусирани и бидете внимателни

Најдобрата стратегија е да го ограничите вашето време поминато во продавницата колку што е можно. Ако веќе сте запознаени со распоредот на намирниците во маркетото во кој често купувате, сконцентрирајте се само на рафтовите каде што знаете дека ги има намирниците што ви требаат. Не се шетајте бесцелно низ продавницата.

Купувајте со очите, а не со прстите

Изборот на производи неретко вклучува допирање, читање на декларации, па и пипкање на производи кои веројатно нема да ги купиме. Сето тоа допирање допринесува за побрзо ширење на вирусот, како кон вас, така и од вас кон другите. Периодов обидете те се да купувате со очите, а не со прстите.

Со прстите често бираме кое овошје е свежо, а кое скапано, но периодов ќе треба повеќе да им верувате на очите, и да не ги префаќаме сите овошки. Ако храната доаѓа во пластични или картонски пакувања, внимавајте да го допрете само оној што сакате да го изберете. А ако спаѓате во некоја од ризичните групи и имате намален имунитет, најдобро е да купувате пакувани производи кои што веројатно претрпеле строги санитарни стандарди на местото за пакување.

Не правете големи залихи

Освен ако не купувате за десетици луѓе, купувањето храна во вредност од една година не само што може да доведе до потенцијален отпад, туку и ќе им отежните на другите да дојдат до намирници потребни да ги нахранат своите семејства. Освен ако вашето семејство не е ставено под строг карантин и освен ако нема конктретна препорака од властите, доволно е купување храна за две недели. Ова важи и за тоалетната хартија.

Што да направите кога ќе се вратите дома

Откако ќе ги измиете рацете, не заборавајте да ги измиете производите. Нема пријавено случаи COVID-19 да се пренесува преку храна, но можно е вирусот да живее на површините. Овошјето и зеленчукот, особено лиснатиот зеленчук, најдобро е да ги потопите во вода со сода бикарбона или оцет, да го поминете со четка или да го поминете со врела вода. најдобро е да го држите во сода бикарбона околу 30 минути и потоа темелно исплакнете. Пакуваните производи можете да ги поминете со влажно марамче.

Ако користите торби за повеќекратна употрба, пребришете ги кога ќе се вратите дома.

Исто така, избегнувајте купување со пари, препораката на Народна банка на РСМ е да користите картички.

Алтернатива на купувањето во физичка продавница е купувањето на Интернет. Кај нас постојат неколку сервиси кои прават достава на храна и намирници до дома како paket.mk, e-tinex.mk, mitra.mk…

*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрени на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.

Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • 1 здрав живот

    Витаминска бомба од 17 состојки

  • Strawberry Chia Pudding здрав живот

    Кремаст чиа пудинг со јагоди

  • 3 (3) здрав живот

    Започна пријавувањето за „Халк Еко Скопје Трча 10КМ“

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • ?????????????????????????????????????

    30. Моден Викенд Скопје: Заедницата како срце на модата

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • skjapareli

    Новата колекција на висока мода на Скјапарели ја слави моќта на трансформацијата

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • ?????????????????????

    Вечерва се отвора изложбата „Црвен се барјак развева“

    мај 9, 2025
  • Women in tech & Metergram (1)

    МОЌТА НА ИДНИНАТА: Иновации и новости во технологијата за полнење електрични возила

    мај 6, 2025
  • METGALA

    Црвениот килим на Мет Гала 2025 во знакот на машката облека во контекст на црнечкиот дендизам

    мај 6, 2025
  • 1000001178

    Скопје Фуд Парк – нова гастро дестинација во градот

    мај 5, 2025
  • KV SGF 2025

    На 13 мај започнува Скопски Градски Фестивал – Пет дена културна синергија на низ звуци, зборови и слики

    мај 5, 2025

Убавина

  • 3

    Совети за пролетен блескав тен

    април 15, 2025
  • eucerin

    Зимски предизвици на кожата: Како да ја заштитите кожата од загаден воздух и сув воздух во затворени простории?

    јануари 13, 2025
  • eucerin (2)

    Блеснете во Новата година со иновативниот Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

    декември 16, 2024
  • geske

    Грин Мастер Ви ја претставува GESKE® Германската револуција во негата на кожата

    ноември 18, 2024
  • naslovna

    Што препорачуваат дерматолозите како ефикасно решение против пигментација на кожата

    ноември 5, 2024

Живот

  • Women in tech & Metergram (1)

    МОЌТА НА ИДНИНАТА: Иновации и новости во технологијата за полнење електрични возила

    мај 6, 2025
  • 1000001178

    Скопје Фуд Парк – нова гастро дестинација во градот

    мај 5, 2025
  • Gush i bac

    Инклузивен настан „Гуш и бац е љубов“ на 11 мај на Школка

    мај 5, 2025
  • veligdenski jajca

    Природен начин на бојадисување велигденски јајца

    април 15, 2025
  • ???

    Саем на мебел 2025: „Инспирација за секој дом“ од 26 до 30 март во Скопје

    март 26, 2025

Култура

  • ?????????????????????

    Вечерва се отвора изложбата „Црвен се барјак развева“

    мај 9, 2025
  • KV SGF 2025

    На 13 мај започнува Скопски Градски Фестивал – Пет дена културна синергија на низ звуци, зборови и слики

    мај 5, 2025
  • ПОЗИВ

    Покана за бесплатна работилница за млади фотографи од Македонија

    април 28, 2025
  • BAKLAVA$MAKEDONSKI RUBIN

    Концерт на „Баклава“ и изложба на македонскиот рубин во македонскиот Културно-информативен центар во Загреб

    април 23, 2025
  • vidik

    Со промоција на новиот роман на Оливера Ќорвезироска, „Три Марии“, вечерва почнува второто издание на „Видик“

    април 2, 2025

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања стилски идеи улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics