Во сенката на Ајфеловата кула и во тропски амбиент со палми и плиток базен Ентони Вакарело ја претстави колекцијата на „Сен Лоран“ за пролет-лето 2019. Манекенките облечени во сексапилни мини фустани и костими за капење чекореа по водата, а се издвоија референци на работата на фотографот Хелмут Њутон, стилот на 80-тите, многу пердуви, светки, сомот и тантела, како и машки кроеви на женските парчиња. Колекцијата е инспирирана од архивата на Ив Сен Лоран, која што сегашниот креативен директор на куќата Вакарело често ја користи во создавањето на актуелните колекции.
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари