На вчерашната светска премиера на Avengers: Infinity War, 19-тиот филм за Марвеловите херои, се појавија голем број на познати актери од филмот и гости на настанот во Лос Анџелес. На црвениот килим ги видовме Бри Ларсон, Гвинет Палтроу, Зое Салдана, Елизабет Олсен, Бенедикт Камбербеч, Том Хидлстон, Анџела Басет и други, а во однос на модата најмногу ни се допаднаа смелите и модерни изгледи на Салдана и Олсен. Салдана за премиерата облече црно-бел комплет со голема панделка на половината од „Живанши“, а Олсен носеше црн комбинезон со корсет од тантела и долг плашт со потпис на Оскар де ла Рента. И двете ги избегнаа фустаните како очигледен избор за црвен килим на филмска премиера, и двете изгледаа многу подобро од останатите гости.
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари