Македонската манекенка Сандра Цветкова, после седум месеци поминати во Лондон, доби ангажман во реклама за познатиот освежителен пијалак 7 Up. Сандра со години е дел од македонската модна агенција „Моделс ин“ и во тој период работеше на бројни проекти и кампањи на домашната сцена. Од неодамна е дел од агенцијата Models Plus во Лондон, каде што во моментов работат на нејзиното портфолио.
„Сандра е позната како голем професионалец и ретко одговорен модел, за тоа нејзиниот успех не е случаен. Нејзината неодолива насмевка и вродениот шарм, покрај физичката убавина, се надеваме ќе ја однесат директно во центарот на светската модна индустрија“, велат од нејзината матична агнеција „Моделс ин“.
Од дел од портфолиото на Сандра:
Нема коментари