Зимата не дозволува уживање во сончево време и во сликовити пејсажи, па често во студените месеци бојата ја внесуваме со помош на облеката. Илустрација за тоа е изгледот на актерката Сара Џесика Паркер од пред некој ден, која умешно и во стилот на нејзиниот лик Кери Бредшоу успела да измеша повеќе бои и шари: кариран капут, шарена блуза на сина основа, здолниште во црвена и циклама со уште еден кариран дезен. И тука не завршува сè, модните додатоци го следат интензитетот на облеката, па Сара облекла хулахопки, чевли, ракавици и чанта во неколку нијанси на темносина и темновиоелтова. Ваквите еклектични комбинации можат да бидат ризични, но актерката успеала да изгледа складно мешајќи бои во сличен тоналитет и дезени кои се складни.
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари