Десетина македонски уметници и модни дизајнери се претставија со своите дела на инернационалниот фестивал за современа уметност „Паратисима Торино“ во Италија,што се оддржа минатата недела во периодот од 5-9 ноември. Македонските претставници беа селектирани и наградени со учество на настанот во Торино, по учеството на Првиот саем на современа уметност – „Паратисима Скопје“ што се одржа на 13-15 јуни во Младинскиот културен центар.

Драган Христов (Лудус) и Нина Симовска (Just Because) имаа зедничка презентација
Десеттото издание на „Паратисима Торино“ беше отворено за јавноста пет дена и привлече 82.814 посети. Оваа година фестивалот се одржа на локацијата Торино Еспозициони (Torino Esposizioni) каде што се претставија 600 уметници.
Селектираните автори Борче Богоевски, Ана Лазаревска, Ненад Тонкин, Александар Дудески (Творница), Калина Брајковска, Драган Христов (Лудус), Николина Симовска (Џаст Бикоз/Just Because), Маја Кировска, Горан Менков, Ленче Андонова и Бојан Ивановски учествуваа со свои дела во уметничката поставка на Паратисима Торино но, и во секциите посветени на дизајн и моден дизајн.
За гостувањето на селектираните автори се погрижи здружението „Континео 2020“ од Скопје во соработка со асоцијацијата “Ylda“ од Торино. Соработката помеѓу Скопје и Торино продолжува кон второто издание на саемот за современа уметност Паратисима Скопје во 2015 година.

Александар Дудески (Творница)

Од постановката на Ненад Тонкин
Нема коментари