• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
кариера 0

Се отвори Битола Старт-ап центар – прво локално партнерство за вработување во Битола

Од stylist @StylistMKD · На октомври 22, 2020

image5

Во Битола свечено се отвори просторот во кој ќе работи Битола Старт-ап Центарот кој е првото локално партнерство за вработување кое се спроведува во рамките на проектот на Меѓународната организација на трудот, Зајакнување на социјалниот дијалог, со финансиска поддршка од Европска унија. Општина Битола е единствена општина, избрана помеѓу 12 апликации од различни општини, која го имплементира овој пилот проект во нашата земја.

- Битола старт-ап поттикнува иницијативност младите луѓе да останат во својата држава. Проблемот на одлив да го намалиме, проблем кој не е само локален, туку е навистина поширок и е евидентен. Затоа Општина Битола, со огромна поддршка стои зад оваа иницијатива која ќе докаже дека И од Битола се може, изјави Наташа Петровска, градоначалничка на Општина Битола.

image8

Локалното партнерство за вработување се појавува точно во клучен момент кога на Битола и е потребно раздвижување на економијата и поттикнување на можностите за вработување. Во ситуација во која што се наоѓаме, соочени со сите предизвици предизвикани од Ковид 19, оваа заедничка иницијатива е уште позначајна бидејќи вклучува соработка на јавни институции, приватен сектор и невладини организации и покажува воља и соработка на локално ниво за решавање на клучни прашања.

- Општина Битола навистина заслужено го доби овој проект кој е пример за партнерство. Важно е да се истакне дека ниту една политика не може успешно да се имплементира доколку во неа не се вклучат сите засегнати страни, односно доколку не постои дијалог. Дијалогот е најсоодветна алатка за изнаоѓање на вистински решенија. Тоа тука го имаме. Потребите на локалниот пазар на вработеност го знаат луѓето од регионот за кој зборуваме, затоа вакви практики ќе успеат, изјави Енвер Хусеин, заменик-министер за труд и социјала.

image7

Планираните активности предвидуваат, стартап програма која ќе ти обезбеди менторски услуги за развој на бизнис идеи и финансиска поддршка за започнување на бизнис ( програма во реализација на ПРЕДА плус Фондација), потоа Саем на кариера кој што ќе овозможи поврзување на компаниите со барателите на работа ( во реализација на Младински културен Центар-Битола) како и Програма за развој на ИТ вештини кој ќе понуди обуки за практични ИТ вештини за директно вработување во ИТ секторот ( во реализација на Интерворкс Едукативен Центар).

- Кога зборуваме за проблемите на младите во Република Северна Македонија мислиме на немање на можности. Исто така кога мислам на проблемите на младите, не мислам само на Скопје, туку за младите на територијата на целата земја. Младите тука преферираат работа во јавниот сектор, што е спротивно на генералната тенденција, кога се луѓето млади тие се креативни, имаат идеи и треба да се впуштат во поинакви води на првите вработувања, собирање на искуства и создавање на лични почетоци, изјави Никола Бертолини – Раководител на секторот за соработка во Делегацијата на Европска Унија во земјава, кој онлајн се вклучи на настанот.

image4

Под водство на Локално економскиот Совет во општина Битола, партнерите (Општина Битола, Младински културен центар-Битола; Фондација за одржлив економски развој ПРЕДА плус; Техничкото училиште „Ѓорѓи Наумов“; Регионална Комора Битола; Агенција за вработување Битола; Интерворкс Едукативен Центар – Битола; Универзитет “ Св. Климент Охридски“) ќе спроведат активности за поголема вработеност во Пелагонискиот Регион, промовирање на екосистем за стартапи и поддршка на претприемништвото.

На настанот се обрати и Наташа Симјановска, проектна координаторка на Меѓународната организација на трудот со седиште во Скопје.

- Локалните партнерства за вработување можат да бидат ефективен метод и нивната цел е креирање на повеќе и подобри работни места. Во ваквите проекти, она што е важно е што нудат креативни и иновативни вработувања, особено на младите луѓе и оние од ранливите групи, истакна таа.

По церемонијата која го означи почетокот, ПРЕДА плус Фондација, започна со реализација на првите активности од програма И ОД БИТОЛА СЕ МОЖЕ намената да поддржува иновативни идеи во рана развојна фаза.

image2

- Преку онлајн апликацијата добивме вкупно 56 бизнис идеи. Комисијата за евалуација на пристигнатите идеи, ги избра најдобрите 20 бизнис идеи, кои ќе бидат вклучени во програмата, следејќи неколку основни критериуми: иновативност, профитабилност и изводливост на аплицираните бизнис идеи. Стартап програмата во период од 3 месеци ќе понуди менторски услуги за креирање на бизнис модели; тренинзи од еминентни професионалци од македонскиот стартап екосистем за водење на бизнис; можност за вмрежување со бизнис заедницата; презентација на бизнис идеите пред потенцијални инвеститори и финансиска поддршка за најуспешните бизнис идеи. Вкупната вредност на финансиската поддршка што ќе биде распределена на најдобрите бизниси во оваа грантова шема изнесува 740.000 денари, истакна Лидија Ангелова, проектна координаторка на ПРЕДА Плус.

Старт ап програмата се реализира во просториите на Факултетот за информатички и комуникациски технологии (ФИКТ) кои што во склоп на ова партнерство отстапија простор каде што ќе биде сместен Битола Старт ап Центарот. Преку овој проект Факултетот ќе добие опрема и мебел, со што ќе се овозможат услови за понатамошно одржливост на овој центар. Во иднина, планирано е во овој центар ќе се реализираат иновативни и инвентивни програми кои ќе креираат стартапи и ќе создаваат нови работни места.

image10

- Со сетот на добро осмислени активности, овој проект се приближува до младите, нивните егзистенцијални потреби, ја развива нивната креативност и сенс за претприемништво и тимска работа, ги подобрува нивните ИТ и други вештини неопходни за денешното современо, динамично и поинакво опкружување. Но, да не ја заборавиме и додадената вредност на ова локално партнерство, а тоа е толку потребниот пристап до маргинализираните групи, со посебен акцент, покрај на младата популација, на Ромите, на жените…

Длабоко сум убеден дека креирањето поволен претприемнички екосистем што е основната цел на проектот, со финансиска поддршка од Европската Унија не само што ќе ги даде посакуваните резултати туку дека уште еднаш ќе посведочи за важноста на одржливите партнерства помеѓу локалните власти, бизнис секторот, невладиниот сектор и секако, но не помалку важно – образовните институции.

Среќен почеток за стартап програмата, за стартап Центарот – да бидеме позитивен пример, и на овој начин да докажеме дека со партнерство, иновативност и креативност, НАВИСТИНА, …….И ОД БИТОЛА СЕ МОЖЕ !!!”, истакна Сашо Коруновски, ректор на универзитетот Св. Климент Охридски Битола.

- Битола Старт-ап центарот ги обединува сите потенцијали и капацитети на градот во насока на намалување на невработеноста и зголемување на капацитетите на невработените лица.

image6

Функционирањето на еден ваков Старт-ап центар е потврда за Битола дека е достојна на епитетот УНИВЕРЗИТЕТСКИ град. Потврдува дека Битола умее да ги користи сите капацитети во насока на задржување на младите и мотивирање да си создадат своја работна позиција, ги мотивира да бидат креативни и иновативни, поттикнува претприемништво, она што во овие услови е неопходно, не само за личниот и професионален развој на младите туку и за развојот на градот во кој живеат и творат. МКЦ – Битола ги става своите ресурси и капацитети, вклучително и Саемот за кариера – настан кој е препознатлив кај јавноста како алатка за намалување на младинската невработеност, во служба на Битола Старт-ап центарот.

Целта на Саемот за кариера е поврзување на бизнис заедницата (промоција на отворени работни позиции) со млади невработени лица. Другиот аспект на овој настан е мотивирање на младите да останат во РСМ, да започнат свој сопствен бизнис и/или да се вклучат во едукативни програми и да работат на сопствениот кариерен раст и развој, додаде Сашо Додовски, директор на МКЦ-Битола.

Битола Стартап Центар е дел од Локално партнерство за вработување (ЛПВ) Битола е финансирано преку проектот Зајакнување на социјалниот дијалог, кој го спроведува Меѓународната организација на трудот, со финансиска поддршка од Европската Унија.

Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • Karieren Samit-WIT MK кариера

    Кариерен Самит: Од потенцијал до остварување во организација на Women in Tech Macedonia

  • 1 кариера

    Qinshift Academy со фонд до 50.000 евра за стипендирање на најталентираните студенти

  • WITCON 2024 кариера

    WITCON: Tech конференција на 18 мај во Скопје организирана од Women in Tech Macedonia

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • sarastoi

    Македонскиот модел Сара Стои за престижниот магазин Numero Switzerland

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • skjapareli

    Новата колекција на висока мода на Скјапарели ја слави моќта на трансформацијата

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • Kiki-Ring-1

    Рачна изработка и премиум материјали: YOVA ја лансираше колекцијата „Блосом“ за пролет-лето 2026

    април 27, 2026
  • 1 (14)

    Мјузиклот „Као какао“ премиерно на 2 и 3 јуни во МНТ

    април 24, 2026
  • 1

    MY:TIME ја продолжува емотивната приказна „Моменти за нас“ – Пролетна порака која ќе ве натера да застанете

    април 24, 2026
  • 1hmstella

    H&M ја претставува колекцијата креирана во соработка со дизајнерката Стела Мекартни

    април 17, 2026
  • SAKURA FESTIVAL ПОСТ

    Sakura Festival: Kултурно-едукативен настан инспириран од јапонската традиција ќе се одржи во Скопје

    април 17, 2026

Убавина

  • 3

    Совети за пролетен блескав тен

    април 15, 2025
  • eucerin

    Зимски предизвици на кожата: Како да ја заштитите кожата од загаден воздух и сув воздух во затворени простории?

    јануари 13, 2025
  • eucerin (2)

    Блеснете во Новата година со иновативниот Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

    декември 16, 2024
  • geske

    Грин Мастер Ви ја претставува GESKE® Германската револуција во негата на кожата

    ноември 18, 2024
  • naslovna

    Што препорачуваат дерматолозите како ефикасно решение против пигментација на кожата

    ноември 5, 2024

Живот

  • 1

    Bitola Whisky Fest: Битола како сцена, вискито како причина

    март 31, 2026
  • 1

    Витаминска бомба од 17 состојки

    јануари 9, 2026
  • winter festival

    Предновогодишнa зимска магија на Winter Festival со многу музика и улична храна пред СЦ „Борис Трајковски

    декември 24, 2025
  • Poster-so-logoa-story_1

    Денеска почнува петтото јубилејно издание на SKOPJE WHISKEY FEST

    ноември 6, 2025
  • KID-EXPO--poster

    Овој викенд е посветен на децата – Во Скопје се случува третото, најголемо и највозбудливо издание на Kid Expo

    октомври 2, 2025

Култура

  • 1 (14)

    Мјузиклот „Као какао“ премиерно на 2 и 3 јуни во МНТ

    април 24, 2026
  • SAKURA FESTIVAL ПОСТ

    Sakura Festival: Kултурно-едукативен настан инспириран од јапонската традиција ќе се одржи во Скопје

    април 17, 2026
  • ???????????????????????

    Отворањето на 54. Мајски оперски вечери распродадено за рекордни 30 минути!

    април 17, 2026
  • 1 OSCARS o_38572296_1280

    ОСКАРИ 2026: Филмот „Една битка по друга“ апсолутен победник, Џеси Бакли и Мајкл Б. Џордан најдобри актери

    март 16, 2026
  • zizel

    Романтичниот балет „Жизел“ на сцената на Националната опера и балет на 27 февруари

    февруари 19, 2026

Тагови

Vogue Инстаграм Моден викенд-Скопје Париз Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања стилски идеи улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics