• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
ТВ 0

Се снима нова македонска серија „Инсајдер“

Од stylist @StylistMKD · На август 31, 2017

Insider 4

Деновиве започна снимањето на новата домашна серија „Инсајдер“ која македонската публика ќе ја гледа оваа есен на телевизија „Телма“. „Инсајдер“ е социјално ангажирана телевизиска серија во која раскажува приказни од секојдневието на една редакција. Дејствието временски е претежно сместено вотаканаречениот дедлајн период, односно пред самото влегување во печат на изданието, кога интензитетот на емоциите и на релациите е најголем.

Главните улоги на медиумски работници им се доделени на познатиот српски актер Светозар Цветковиќ како и на докажаните домашни имиња Ирена Ристиќ, Јордан Симонов, Дејан Лилиќ, Силвија Стојановска, Ѓорѓи Нешковски, Горан Ников, Габриела Петрушевска, Ана Стојановска и Сања Арсовска. Во епизодни улоги ќе ги видиме и Васил Зафирчев, Сашко Коцев, Драган Спасов-Дац,Јелена Јованова, Славиша Кајевски и многу други.

Insider 6

„Серијата ги третира сите актуелни проблеми и предизвици со кои се соочува општеството преку работата на редакцијата и преку личните судбини и драми на ликовите. Преку работата на редакцијата, серијата ги обработува темите врзани со новинарството и со главните аномалии на општеството. Неделникот „Инсајдер“ се бави со сите актуелни прашања во земјата и надвор: корупцијата и криминалот на сите нивоа во општеството, уништеното јавно здравство, хаосот и незадоволството во образованието, социјалните случаи и бедата на сиромашните, злоупотреби на службената положба, нетолеранцијата и омразата, отселувањето на луѓето, особено на младите, расипништвото со јавните пари, политичките интриги и игри и ериозијата на културните вредности.“, вели тимот кој работи на серијата.

Серијата „Инсајдер“ ја режираат Игор Иванов-Изи, Вардан Тозија, Дарјан Пејовски и по една епизода Дина Дума и Марија Апчевска. Сценариото го потпишуваат Сашо Кокаланов, Елеонора Венинова и Драган Лука. Директор на фотографија е Димо Попов, а директор на серија Никола Мадиќ. Костимограф на серијата е Илина Ангеловска.

Insider 1

Со оглед на тоа што редакцијата се води од познатата новинарска девиза „Оnly bad news are good news“, овозможува да допреме и да ги нотираме главните, суштинските проблеми на граѓаните во Македонија. За медиумите се вели дека се огледало на општеството. Тоа што не може да се види на страниците на медиумот, ќе може да се види во односите помеѓу ликовите во серијата.

Телевизија „Телма“ заедно со продуцентите, режисерите, актерите и другите филмски работници продолжува да работи на поставување на повисоки стандарди во медиумскиот простор во Македонија и давање примат на македонската квалитетна продукција над турските сапуници кои го окупираат медиумскиот простор.

Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • DSC2823_resize-1536x1025 ТВ

    Нова сезона на „Џентлмен магазин“ вечерва на МТВ1

  • agenda 21 (3) ТВ

    Весна Петрушевска и Игор Џамбазов преку еколошкото шоу „Агенда 21“ ќе апелираат за грижата за животна средина

  • handmaids tale ТВ

    Нов трејлер и конечен датум за четвртата сезона на Handmaid’s Tale

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • sarastoi

    Македонскиот модел Сара Стои за престижниот магазин Numero Switzerland

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • skjapareli

    Новата колекција на висока мода на Скјапарели ја слави моќта на трансформацијата

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • 1

    Филмот „Скејтбордингот не е за девојчиња“ на Дина Дума светската премиера ќе ја има на фестивалот на Роберт Де Ниро („Трибека фестивал“)

    јуни 1, 2026
  • 1 fondacija frosina kulakova

    Фондацијата „Фросина Кулакова“ и МВР потпишаа меморандум за заедничка борба за поголема безбедност во сообраќајот

    мај 27, 2026
  • 2indog

    Изложбата „Меѓу нас“ на Индог – визуелна приказна за емпатија, надеж и колективна грижа

    мај 27, 2026
  • yes

    Шесто издание на ЈЕС ФЕСТИВАЛ од 14 до 20 мај во Скопје

    мај 12, 2026
  • toska

    Изведба на операта „Тоска“ од Џакомо Пучини на 16 мај во рамките на „Мајски оперски вечери“

    мај 12, 2026

Убавина

  • 1 K BEAUTY

    Фестивал на корејска убавина за од 8 до 10 мај и едукативни панели со дерматолози и фармацевти

    мај 6, 2026
  • 3

    Совети за пролетен блескав тен

    април 15, 2025
  • eucerin

    Зимски предизвици на кожата: Како да ја заштитите кожата од загаден воздух и сув воздух во затворени простории?

    јануари 13, 2025
  • eucerin (2)

    Блеснете во Новата година со иновативниот Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

    декември 16, 2024
  • geske

    Грин Мастер Ви ја претставува GESKE® Германската револуција во негата на кожата

    ноември 18, 2024

Живот

  • 1

    Bitola Whisky Fest: Битола како сцена, вискито како причина

    март 31, 2026
  • 1

    Витаминска бомба од 17 состојки

    јануари 9, 2026
  • winter festival

    Предновогодишнa зимска магија на Winter Festival со многу музика и улична храна пред СЦ „Борис Трајковски

    декември 24, 2025
  • Poster-so-logoa-story_1

    Денеска почнува петтото јубилејно издание на SKOPJE WHISKEY FEST

    ноември 6, 2025
  • KID-EXPO--poster

    Овој викенд е посветен на децата – Во Скопје се случува третото, најголемо и највозбудливо издание на Kid Expo

    октомври 2, 2025

Култура

  • 1

    Филмот „Скејтбордингот не е за девојчиња“ на Дина Дума светската премиера ќе ја има на фестивалот на Роберт Де Ниро („Трибека фестивал“)

    јуни 1, 2026
  • 2indog

    Изложбата „Меѓу нас“ на Индог – визуелна приказна за емпатија, надеж и колективна грижа

    мај 27, 2026
  • yes

    Шесто издание на ЈЕС ФЕСТИВАЛ од 14 до 20 мај во Скопје

    мај 12, 2026
  • toska

    Изведба на операта „Тоска“ од Џакомо Пучини на 16 мај во рамките на „Мајски оперски вечери“

    мај 12, 2026
  • 1 (14)

    Мјузиклот „Као какао“ премиерно на 2 и 3 јуни во МНТ

    април 24, 2026

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања стилски идеи улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics