• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
културен водич 0

Се отвора меѓународната изложба „Сè што ни е заедничко“ во МСУ

Од stylist @StylistMKD · На декември 16, 2021

???????????????????

На 18 декември (сабота), со почеток во13 часот, во Музејот на современата уметност — Скопјесе отвора меѓународната изложба „Сè што ни е заедничко“. Куратори на изложбата се Мира Гаќина и Јованка Попова.

Ќе бидат изложени дела од 11 интернационално признати уметници: Францис Алис (Белгија), Марва Арсаниос (САД), Шерон Хејс (САД), Артур Џафа (САД), Хива К (Ирак), Јонас Стаал (Холандија), Ву Цанг (САД), Дардан Жегрова (Косово), како и македонските уметници Кристина Божурска, ОПА (Опсесивно посесивна агресија) и Игор Тошевски.

Изложбената поставка се состои од 13 дела во различни медиуми, инсталации и видео дела.

Од меѓународните уметници, во Скопје пристигнуваат познатиот уметник од Ирак, Хива К, кој ќе присуствува на отворањето на изложбата и уметникот Дардан Жегрова од Косово.

Уметникот Јонас Стаал од Холандија ќе го подари своето дело на Музејот и со тоа ќе ја збогати вредната уметничка колекција на МСУ.

-Сè што ни е заедничко се однесува на состојби кои сите ги сведочиме и живееме, а се поврзани со ранливоста и егзистенцијалната небезбедност, економски неправди, политички манупулации, лошо регулирање на работнички права, митот за слободата на говорот, теории на заговор кои шират национализам, експлоатација на трудот, современото расно насилство, борбите на квир движењата, последиците врз психата и телесноста од политичкото „дисциплинирање“ во различни контексти и ситуации, во Македонија, регионот и во светот. Наспроти тоа, изложбата не поттикнува да го доведеме во прашање начинот на кој ја доживуваме нашата актуелна ситуација да предложи сценарија за некои нови идни сојузи и слободни територии и да нè натера да размислуваме како нашите индивидуални визии, одговорности и обврски можат да бидат социјално споделени и да служат на колективни цели - велат кураторките Гаќина и  Попова.

Изложбата ги адресира прекаријатните критички, општествено произведени дискурси и нивните манифестации и условите на несигурност во капиталистичкиот локален и глобален контекс. Изложените дела го прикажуваат потенцијалот на уметноста како политика.

Избраните уметници ја истражуваат оваа територија користејќи ги расположливите човечки и физички ресурси во насока на општествено дејствување за општото добро, со намера да покажат дека поагресивна форма на отпор во уметничкото дело е возможна. За тоа да се постигне, потребно е имагинацијата да се трансформира во „нов труд“, но и заедничко здружување во нови форми на политичко делување во посебните и глобалните домени на несигурноста.

Ако капитализмот неминовно бара фокус врз себството, изложбата ги поставува следните прашања: Каков е светот кога се доживува, развива и живее од аспект на различности наспроти идентитетот? Кои се начините на коишто солидарноста и грижата за другиот може да бидат точка на отпор наспроти капиталистичкиот поредок? Во таа смисла, изложените дела ги истражуваат врските помеѓу солидарноста и политиката како и можните остварливи и позитивни алтернативи за креирање нови простори, кои го засегаат јавното преку приватното, заробената држава преку секојдневна акција, што резултира со нови видови на здружувања со нови видови на организација, структури и институции.

Главната цел на изложбата е да понуди уметничко толкување на радикално левичарските политики и практики кои го опфаќаат концептот на сознание на различноста и солидарноста на локално и глобално ниво, истражено и презентирано преку уметничка акција.

Дизајнот за визуелно решение го направи познатата уметница Неда Фирфова.

Изложбата ќе биде отворена до 31 март 2022 година и се реализира со поддршка од Министерството за култура на Р.С. Македонија, ЕВН Македонија и Тиквеш.

Отворањето ќе се релизира според протоколите пропишани за организација на јавни настани во услови на пандемија.

 

 

 

 

Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • 2indog културен водич

    Изложбата „Меѓу нас“ на Индог – визуелна приказна за емпатија, надеж и колективна грижа

  • yes културен водич

    Шесто издание на ЈЕС ФЕСТИВАЛ од 14 до 20 мај во Скопје

  • toska културен водич

    Изведба на операта „Тоска“ од Џакомо Пучини на 16 мај во рамките на „Мајски оперски вечери“

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • sarastoi

    Македонскиот модел Сара Стои за престижниот магазин Numero Switzerland

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • skjapareli

    Новата колекција на висока мода на Скјапарели ја слави моќта на трансформацијата

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • tmf revija

    Нови модни импресии на јубилејната 20-та студентска ревија на ТМФ насловена „Вортекс импресии“

    јуни 24, 2026
  • 1

    СТИЛСКА ИДЕЈА: Бела кошула со машки крој

    јуни 17, 2026
  • 1

    Филмот „Скејтбордингот не е за девојчиња“ на Дина Дума светската премиера ќе ја има на фестивалот на Роберт Де Ниро („Трибека фестивал“)

    јуни 1, 2026
  • 1 fondacija frosina kulakova

    Фондацијата „Фросина Кулакова“ и МВР потпишаа меморандум за заедничка борба за поголема безбедност во сообраќајот

    мај 27, 2026
  • 2indog

    Изложбата „Меѓу нас“ на Индог – визуелна приказна за емпатија, надеж и колективна грижа

    мај 27, 2026

Убавина

  • 1 K BEAUTY

    Фестивал на корејска убавина за од 8 до 10 мај и едукативни панели со дерматолози и фармацевти

    мај 6, 2026
  • 3

    Совети за пролетен блескав тен

    април 15, 2025
  • eucerin

    Зимски предизвици на кожата: Како да ја заштитите кожата од загаден воздух и сув воздух во затворени простории?

    јануари 13, 2025
  • eucerin (2)

    Блеснете во Новата година со иновативниот Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

    декември 16, 2024
  • geske

    Грин Мастер Ви ја претставува GESKE® Германската револуција во негата на кожата

    ноември 18, 2024

Живот

  • 1

    Bitola Whisky Fest: Битола како сцена, вискито како причина

    март 31, 2026
  • 1

    Витаминска бомба од 17 состојки

    јануари 9, 2026
  • winter festival

    Предновогодишнa зимска магија на Winter Festival со многу музика и улична храна пред СЦ „Борис Трајковски

    декември 24, 2025
  • Poster-so-logoa-story_1

    Денеска почнува петтото јубилејно издание на SKOPJE WHISKEY FEST

    ноември 6, 2025
  • KID-EXPO--poster

    Овој викенд е посветен на децата – Во Скопје се случува третото, најголемо и највозбудливо издание на Kid Expo

    октомври 2, 2025

Култура

  • 1

    Филмот „Скејтбордингот не е за девојчиња“ на Дина Дума светската премиера ќе ја има на фестивалот на Роберт Де Ниро („Трибека фестивал“)

    јуни 1, 2026
  • 2indog

    Изложбата „Меѓу нас“ на Индог – визуелна приказна за емпатија, надеж и колективна грижа

    мај 27, 2026
  • yes

    Шесто издание на ЈЕС ФЕСТИВАЛ од 14 до 20 мај во Скопје

    мај 12, 2026
  • toska

    Изведба на операта „Тоска“ од Џакомо Пучини на 16 мај во рамките на „Мајски оперски вечери“

    мај 12, 2026
  • 1 (14)

    Мјузиклот „Као какао“ премиерно на 2 и 3 јуни во МНТ

    април 24, 2026

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања стилски идеи улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics