Без разлика дали е на црвениот килим, на промоција, модна ревија, аеродром, вечера со сопругот или пак на одмор, Кејт Босворт секогаш е доследна на својот женствен и шик стил. Изминатиот период, некаде помеѓу одморот во Италија, гостувањето на Филмскиот фестивал во Венеција и модната недела во Њујорк, се појави во неколку инспиративни стајлинзи, од кои издвоивме седум, што лесно може да се применат во имиџот на секоја жена. Иако е доследен амбасадор на брендот Miu Miu, таа умешно и лежерно ги вметнува креациите од овој бренд во својот секодневен имиџ и изгледот за на официјални преставувања. Не се плаши да носи едно парче повеќе пати, но знае како тоа секогаш да изгледа свежо и поинаку. Не ги следи слепо ни трендовите, туку ги скротува на својата лична модна агенда. Секогаш остава впечаток дека ѝ е удобно во тоа што го носи, и дека и во други околности секако би го носела тој модел. Затоа важи за една од најдобро облечените жени и е една од новите икони на стилот.
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари