Семејството Гучи некое време на продажба го има ставено раскошниот пентхаус на Петтата авенија во Њујорк, а сега одлучи да ја намали цената. Тоа намаленото во случајов е вртоглаво високи 35 милиони долари. Станот бил во сопственост на Маурицио Гучи, внукот на основачот на модната империја, Гучио Гучи, а потоа оставен во наследтсво на ќерките на Маурицио, Алесандра и Алегра. Маурицио во 1995 година беше застрелан по нарачка на неговата поранешна сопруга Патриција.
Пентахусот е сместен во зградата наречена Олимписка кула, на Петтата авенија на Менхетан, и всушност е простран дуплекс, со високи прозори кои нудат импресивен поглед на Рокфелер центарот, Емпаер стејт билдинг и на катедралата Св. Патрик. Има масивна добро осветлена дневна соба и осум спални распоредени на простор од околу 900 метри квадратни.
Нема коментари