• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
кариера 0

„Семос Едукација“ даруваше 10 стипендии и додели 20 награди за најуспешните студенти

Од stylist @StylistMKD · На март 7, 2023

11 (1)

Тимот на „Семос Едукација“ организираше целовечерен колоритен настан во духот на Оскарите на кој беа доделени 20 „Semos Academy Awards“ за најдобритe студенти од вкупно 15 Академии и две награди за талент партнерите и општествено – одговорните компании. Беа доделени и 10 стипендии во вредност од 10.000 илјади евра за нова генерација студенти на Академиите, во рамки на годинашниот проект за Општествено Одговорни Практики „Година на дарување”.

Покрај тимот на Семос Едукација, на церемонијалната вечер присуствуваа неколку стотини студенти од 15-те Академии на Семос Едукација и претставници од над 88 талент – партнери компании со кои соработуваат овие Академии.

31

Наградите ги освоија најистакнати студенти од генерацијата 2021/2022 година, за усовршување на својата наобразба на Академиите: Microsoft Data Science Институт, JavaScript Академија акредитирана од МОН, Академија за човечки ресурси акредитирана од МОН, Академија за Внатрешен дизајн акредитирана од МОН, помеѓу наградените има и студенти од Академијата за графички дизајн акредитирана од МОН-специјалистичко образование, Академии за веб дизајн, UX/UI дизајн, Game Development, вештачка интелигенција, човечки ресурси во IT сектор, дигитален маркетинг, индустриски дизајн, софтвер тестинг, и ИТ Академија за средношколци.

Две награди отидоа и во рацете на талент партнер компаниите, од кои, една за најактивно учество во академиите JavaScript и Automation Software Tester, за „IT Labs“ и награда за најдобар партнер на проекти од општествено одговорни практики за „ЈП Лајка“, Скопје.

1 (1)

Модератор и домаќин на настанот беше тв новинарката Миланка Рашиќ, која донесе свежина во духот на холивудските оскари и меѓудругото рече: „Ова се вторите најважни Academy Awards годинава, кои јас ги пренесувам во живо“.

Со поздравен говор до присутните се обрати сопственичката и генерална директорка на Семос Едукација, Валентина Тасева: „Изборот за кариера е еден од најважните избори зa секој човек, избор кој никогаш не е доцна да се направи, бидејќи знаењето и упорноста секогаш ќе ве доведат до посакуваната цел. Вие го направивте вистинскиот избор.“, истакна Тасева.

Изненадување на вечерта, беше актерското дуо Атанас Атанасовски и Тино Костадиновски, кои настапија со стендап.
На настанот беше промовирана и новата веб страница, посветена само на Академиите Akademii.semosedu.com.

Семос Едукација, има и зошто да прославува, земајќи предвид дека повеќе од 27 години споделува знаење и досега успеа да креира успешни приказни за над 120.000 слушатели. Промени многу животи и над се, придонесе за развој на дигиталната писменост на многу генерации. Како прв ИТ едукативен центар во државава, воспостави нова димензија во дигиталната писменост. Инспириран од подемот на најактуелните и најбрзо растечки професии на иднината, со над 50 сертифицирани предавачи, 400 ИТ курсеви и 15 Академии, со доквалификација, преквалификација и квалитетна едукација направи кариерни трансформации, кај многу луѓе, кои денес се професионалци во големи компании, сопственици на свои бизниси, успешни индивидуалци, а некои од нив и со светска кариера. Опфати повеќе од 24 земји и успеа да ја стави Македонија на мапата на земји со квалитетен ИТ кадар кој високо котира и во меѓународните компании.

32

25

40

Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • Karieren Samit-WIT MK кариера

    Кариерен Самит: Од потенцијал до остварување во организација на Women in Tech Macedonia

  • 1 кариера

    Qinshift Academy со фонд до 50.000 евра за стипендирање на најталентираните студенти

  • WITCON 2024 кариера

    WITCON: Tech конференција на 18 мај во Скопје организирана од Women in Tech Macedonia

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • sarastoi

    Македонскиот модел Сара Стои за престижниот магазин Numero Switzerland

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • skjapareli

    Новата колекција на висока мода на Скјапарели ја слави моќта на трансформацијата

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • yes

    Шесто издание на ЈЕС ФЕСТИВАЛ од 14 до 20 мај во Скопје

    мај 12, 2026
  • toska

    Изведба на операта „Тоска“ од Џакомо Пучини на 16 мај во рамките на „Мајски оперски вечери“

    мај 12, 2026
  • 1 K BEAUTY

    Фестивал на корејска убавина за од 8 до 10 мај и едукативни панели со дерматолози и фармацевти

    мај 6, 2026
  • Kiki-Ring-1

    Рачна изработка и премиум материјали: YOVA ја лансираше колекцијата „Блосом“ за пролет-лето 2026

    април 27, 2026
  • 1 (14)

    Мјузиклот „Као какао“ премиерно на 2 и 3 јуни во МНТ

    април 24, 2026

Убавина

  • 1 K BEAUTY

    Фестивал на корејска убавина за од 8 до 10 мај и едукативни панели со дерматолози и фармацевти

    мај 6, 2026
  • 3

    Совети за пролетен блескав тен

    април 15, 2025
  • eucerin

    Зимски предизвици на кожата: Како да ја заштитите кожата од загаден воздух и сув воздух во затворени простории?

    јануари 13, 2025
  • eucerin (2)

    Блеснете во Новата година со иновативниот Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

    декември 16, 2024
  • geske

    Грин Мастер Ви ја претставува GESKE® Германската револуција во негата на кожата

    ноември 18, 2024

Живот

  • 1

    Bitola Whisky Fest: Битола како сцена, вискито како причина

    март 31, 2026
  • 1

    Витаминска бомба од 17 состојки

    јануари 9, 2026
  • winter festival

    Предновогодишнa зимска магија на Winter Festival со многу музика и улична храна пред СЦ „Борис Трајковски

    декември 24, 2025
  • Poster-so-logoa-story_1

    Денеска почнува петтото јубилејно издание на SKOPJE WHISKEY FEST

    ноември 6, 2025
  • KID-EXPO--poster

    Овој викенд е посветен на децата – Во Скопје се случува третото, најголемо и највозбудливо издание на Kid Expo

    октомври 2, 2025

Култура

  • yes

    Шесто издание на ЈЕС ФЕСТИВАЛ од 14 до 20 мај во Скопје

    мај 12, 2026
  • toska

    Изведба на операта „Тоска“ од Џакомо Пучини на 16 мај во рамките на „Мајски оперски вечери“

    мај 12, 2026
  • 1 (14)

    Мјузиклот „Као какао“ премиерно на 2 и 3 јуни во МНТ

    април 24, 2026
  • SAKURA FESTIVAL ПОСТ

    Sakura Festival: Kултурно-едукативен настан инспириран од јапонската традиција ќе се одржи во Скопје

    април 17, 2026
  • ???????????????????????

    Отворањето на 54. Мајски оперски вечери распродадено за рекордни 30 минути!

    април 17, 2026

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања стилски идеи улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics