• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
стилска листа 0

Новинарката Силвана Жежова предлага топ-5 парчиња за оваа зима

Од Ана Несторовска · На декември 10, 2013

Фото: Ивана Кузмановска

Кога ја прашавме новинарката Силвана Жежова кои парчиња според нејзе се must have оваа сезона, ни рече дека типува на моделите со кои штотуку го збогатила и својот имиџ. Жежова,  која долги години ги следи модните случувања кај нас, во својот секојдневен изглед оваа зима ги вбројува: белиот шал, шамијата во темноцрвена боја, чизите со крзно, џемперите и  стилизираните чорапи.  Истите топло ги препорачува во топ-5 листата за модели без кои не може да се замисли оваа зима.

 

1. Бел шал

 

Белото ја потенцира убавината на жената, а шалот ја топли!  Истовреме асоцира на зима со многу снег и како моден детаљ, совршено се вклопува во таа идила. А, жената со бел шал околу врат, потсетува на снегулка која е подготвена за сите зимски лудории. И умее да ужива во нив. Белиот шал, воедно го буди и детето во нас.

 

2. Шамија во темноцрвена боја

Оваа сезона, во тренд е темноцрвена (бордо) бојата. И е одлично освежување во гардероберот во кој преовладуваат земјените, топли бои. Доколку немате парче гардероба во оваа боја, тогаш шамијата е одлично решение. Можете да ја вклопите во повеќе комбинации и истовреме да бидете во тренд. И во овој случај се потврдува дека, ѓаволот е во деталите.

 

3. Чизми со крзно

Не сум некој фанатик на чизми во чиј надворешен изглед премногу преовладува крзното. Но, го сакам како детаљ кој го „освежува“ моделот. Тие се одличен избор за носење кога надвор е премногу студено, а посебно ако има снег. Ми се чини, само што ги гледам и ми е потопло. Ми создаваат чувство дека тој што ги носи, ја донел планината со сета нејзина зимска убавина, во градот!

 

4. Џемпери

Планинска куќичка, камин, црвено вино. Седите на под облечени во топол џемпер со зимски мотиви. Топло ви е на душата и на телото. Овие џемпери изгледаат шик и за нив нема тренд. Едноставно се безвремени кога станува збор за зимска гардероба. Нешто како црн фустан за на коктели. Така и џемперот за во зима!

 

5. Чорапи

chorapi1

Дизајнираните хулакопки и чорапи можат да ја разбијат монотонијата на облекувањето во зима. Како интересен моден додаток, можат да направат вистинска трансформација на изгледот на чизмите, односно комплетниот аутфит на нозете. Плетени и дизајнирани со различни мотиви убаво е да се имаат за во различни прилики.Ако имате долги нозе, уште подобро!

 

џемперизиматрендовичизмичорапишал
Сподели Tweet

Ана Несторовска

Можеби ќе Ве интересира

  • 111 стилска листа

    Седумте тајни на секогаш дотераните жени

  • 1 стилска листа

    Пет јакни што треба секоја жена да ги има во гардеробата

  • fjshjf стилска листа

    Предлог зимски стајлинзи за празнични денови поминати на отворено

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • sarastoi

    Македонскиот модел Сара Стои за престижниот магазин Numero Switzerland

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • skjapareli

    Новата колекција на висока мода на Скјапарели ја слави моќта на трансформацијата

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • tmf revija

    Нови модни импресии на јубилејната 20-та студентска ревија на ТМФ насловена „Вортекс импресии“

    јуни 24, 2026
  • 1

    СТИЛСКА ИДЕЈА: Бела кошула со машки крој

    јуни 17, 2026
  • 1

    Филмот „Скејтбордингот не е за девојчиња“ на Дина Дума светската премиера ќе ја има на фестивалот на Роберт Де Ниро („Трибека фестивал“)

    јуни 1, 2026
  • 1 fondacija frosina kulakova

    Фондацијата „Фросина Кулакова“ и МВР потпишаа меморандум за заедничка борба за поголема безбедност во сообраќајот

    мај 27, 2026
  • 2indog

    Изложбата „Меѓу нас“ на Индог – визуелна приказна за емпатија, надеж и колективна грижа

    мај 27, 2026

Убавина

  • 1 K BEAUTY

    Фестивал на корејска убавина за од 8 до 10 мај и едукативни панели со дерматолози и фармацевти

    мај 6, 2026
  • 3

    Совети за пролетен блескав тен

    април 15, 2025
  • eucerin

    Зимски предизвици на кожата: Како да ја заштитите кожата од загаден воздух и сув воздух во затворени простории?

    јануари 13, 2025
  • eucerin (2)

    Блеснете во Новата година со иновативниот Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

    декември 16, 2024
  • geske

    Грин Мастер Ви ја претставува GESKE® Германската револуција во негата на кожата

    ноември 18, 2024

Живот

  • 1

    Bitola Whisky Fest: Битола како сцена, вискито како причина

    март 31, 2026
  • 1

    Витаминска бомба од 17 состојки

    јануари 9, 2026
  • winter festival

    Предновогодишнa зимска магија на Winter Festival со многу музика и улична храна пред СЦ „Борис Трајковски

    декември 24, 2025
  • Poster-so-logoa-story_1

    Денеска почнува петтото јубилејно издание на SKOPJE WHISKEY FEST

    ноември 6, 2025
  • KID-EXPO--poster

    Овој викенд е посветен на децата – Во Скопје се случува третото, најголемо и највозбудливо издание на Kid Expo

    октомври 2, 2025

Култура

  • 1

    Филмот „Скејтбордингот не е за девојчиња“ на Дина Дума светската премиера ќе ја има на фестивалот на Роберт Де Ниро („Трибека фестивал“)

    јуни 1, 2026
  • 2indog

    Изложбата „Меѓу нас“ на Индог – визуелна приказна за емпатија, надеж и колективна грижа

    мај 27, 2026
  • yes

    Шесто издание на ЈЕС ФЕСТИВАЛ од 14 до 20 мај во Скопје

    мај 12, 2026
  • toska

    Изведба на операта „Тоска“ од Џакомо Пучини на 16 мај во рамките на „Мајски оперски вечери“

    мај 12, 2026
  • 1 (14)

    Мјузиклот „Као какао“ премиерно на 2 и 3 јуни во МНТ

    април 24, 2026

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања стилски идеи улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics