• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
културен водич 0

Skopje Design Week ќе ги обедини дизајнерите и компаниите во „четврта смена“

Од stylist @StylistMKD · На јули 2, 2014

BACDROP 3 x 2.1m f

Четвртото издание на Skopje Design Week оваа година ќе се одржи од 23 до 28 септември во Куршумли Ан со продукција и програма што ги оправдува очекувањата на урбаната публика, дизајн и бизнис заедницата кои веќе три години ги препознаваат вредностите и уникатноста на фестивалот. Под мотото „Четврта смена”, идејата е да се доловат различните функции како промоција, деловна соработка, едукација, забава и дружење. Покрај мотото и датумот на одржување на првата прес-конференција поврзана со новото издание на дизајнерската недела, првиот човек на манифестацијата, Александар Велиновски, го повтори повикот до сите заинтересирани до 20 јули да го пријават своето учество. Продолжува соработката на манифестацијата со ВВ „Тиквеш“ и по минатогодишниот конкурс за етика за вино, овојпат е најавен меѓународен конкурс за креативно решение за брендирање на новиот автентичен производ на компанијата – гроздовиот мед. Земја во фокусот на четвртото издание на SDW е Франција и ќе бидат претставени 10 реномирани дизајнери и француски дизајн студија. Потоа ќе продолжи традицијата на музичка програма, практични работилници и струковни дискусии, а ќе биде проширена и гастрономската програма преку обука од страна на француски шеф. Модниот дел од програмата ќе биде претставен во вид на поп-ап продавница, во која ќе има можност да се набават креациите од дизајнерите-учесници. На овогодинешното издание ќе има фестивал во фестивал, односно ќе се одржи Skopje Body Mind & Spirit Festival.

DSCN3335

Дека успешниот бизнис не подразбира само бројки, трговија и економија, туку значи унапредување, храброст и иновација зборуваат минатогодишните соработки помеѓу деловниот и дизајн секторот поттикнати од оваа организација. Оваа година треба уште позасилено да се зацврсти претприемачкиот дух во насока на соработка помеѓу деловниот сектор и креативната индустрија. Еден таков успешен пример за синергија меѓу бизнис секторот и креативната индустрија е минатогодишниот меѓународен повик за дизајн на етикета на врвно македонско вино од винарската визба „Тиквеш. Конкретен резултат од оваа соработка е лансирањето на пазарот на виното „Шардоне“ на ВВ „Тиквеш“, кое го краси етикета која ја освои првата награда минатата година. Ова е уникатно дизајнерско дело на авторката Дијана Димитриевска, за која учеството на овој натпревар претставуваше одлично искуство и начин за докажување на сопствениот креативен потенцијал.

Илија Аргировски, Александар Велиновски, Елена Младеновска Јеленковиќ и Дијана Димитриевска на денешната средба со новинарите во „Барбакан“

-Задоволни од резултатите од минатогодишниот конкурс, со задоволство ја продолжуваме  соработката со SDW. Оваа година одиме чекор понапред со тоа што од креативците во земјава и светот, преку меѓународен повик, ќе побараме  интегрално решение за брендирање на нашиот нов автентичен производ – гроздовиот мед. На ваков начин, сакаме да креираме уникатен идентитет на овој природен и исклучително здрав производ кој и досега го произведувавме, но не комерцијално. Поради сè поголемата побарувачка, сметаме дека треба да го направиме препознатлив и достапен за потрошувачите во Македонија и пошироко – изјави Елена Младеновска Јеленковиќ, маркетинг менаџер во винарската визба „Тиквеш“.

DSCN3338

Конкурсот ќе биде отворен до 5 септември оваа година, а изборот на најдобро решение за брендирање на новиот производ ќе го изврши меѓународно жири. Очекувањата се дека високото реноме на ВВ „Тиквеш“, како и вредноста на самиот производ што треба да се брендира, ќе привлечат голем број креативци жедни за афирмација. Дополнителна стимулација претставува и самата награда за најдоброто решение, која изнесува 2.000 евра.
Инаку, пријавувањето на компании, нови брендови, млади иноватори, дизајнери и институции, за учество во годинешниот SDW, е во тек. Сите оние кои сакаат да ја запознаат јавноста со своите новитети, бараат и нудат конкретни можности за вмрежување, се во потрага по вистински партнери за соработка, имаат можност до 20 јули да се пријават во најразлични категории. Целта и оваа година е да насочи креативниот потенцијал во унапредување на економската клима и општеството. „Четвртата смена“ е најавена од организаторите како досега најдобро издание.

Skopje Body Mind & Spirit FestivalSkopje Design WeekАлександар ВелиновскиБарбаканДијана Димитриевскадизајнерска сценаЕлена Младеновска ЈеленковиќИлија АргировскиКуршумли Анмеѓународен конкурсСкопска недела на дизајнТиквешФранцијаЧетврта смена
Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • DMF_2021 културен водич

    Отворен конкурсот за учество на „Денови на македонската фотографија 2021“

  • photo izlozba културен водич

    FLUX IDENTITY, современата уметничка сцена на Канада во дијалог со уметниците од Република Северна Македонија во Чифте амам

  • cepenkov културен водич

    Oнлајн-промоција на осовременетата „Автобиографија“ на Марко Цепенков

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • jovana neshova (1)

    Бремената манекенка Јована Нешова позира за насловната на „Моделс ин“

Модна азбука

  • Poncho

    ПОНЧО – префрлена наметка со отвор за глава

    ноември 20, 2020

Видео

  • funk shui

    Слушаме македонска музика: „Не време“ на Funk Shui и гостинката Вера од Љубојна

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • 2

    Дајан вон Фурстенберг дизајнира предмети за домот за H&M Home

    април 14, 2021
  • ПРОЛЕТ (3)

    Трендови лесни за носење и аплицирање во вашиот стил

    април 14, 2021
  • 5

    Сината кошула модна класика што ќе ја носиме и оваа пролет

    април 14, 2021
  • lady-gaga-met-gala-2019-red-carpet

    Мет Гала годинава ќе се одржи, но не во првиот понеделник во мај

    април 13, 2021
  • 1

    Scotch & Soda носи смел став кон секојдневното облекување

    април 13, 2021

Убавина

  • PearInc100ml_RVB

    Pear Inc. на Juliette Has a Gun небесен мирис кој предизвикува среќа, позитива и сонце

    април 10, 2021
  • Mixed Emotions cut

    MIXED EMOTIONS – Во ред е да не се биде во ред

    април 6, 2021
  • 1 guerlain

    Mon Guerlain Sparkling Bouquet – мирисот на пенлива радост

    април 2, 2021
  • 1 MAC-Cosmetics-Black-Cherry

    Новата колекција Black Cherry на MAC Cosmetics од денеска во скопската продавница

    март 30, 2021
  • fac

    Геловите за чистење клучен дел од негата на лицето

    март 11, 2021

Живот

  • 2

    Дајан вон Фурстенберг дизајнира предмети за домот за H&M Home

    април 14, 2021
  • FotoJet

    Две супер состојки што треба да ги консумирате – хељда и амарант

    април 12, 2021
  • pilates

    Десетминутен тренинг за стомак, задник и нозе

    април 8, 2021
  • IQOS 3 Duo 3

    Повеќе харизма во личниот стил со помош на додатоци

    март 30, 2021
  • Znakoven Bitola 2

    Радмила од Богданци и Мартин од Битола, лица со оштетен слух го отворија првото знаковно кафуле во Битола

    март 29, 2021

Култура

  • Louvre

    Прошетка низ музејот Лувр од дома

    април 7, 2021
  • Filmski Predizvik (1)

    Нов европски филмски предизвик – освој најмногу поени и отпатувај на црвениот тепих во Кан

    март 24, 2021
  • gordana vrencoska

    Онлајн-промоција на „Македонски визуелен идентитет“ од Гордана Вренцоска

    март 23, 2021
  • ?????????

    Виртуелна промоција на „Букварот на Биби“ денеска во 19 часот

    март 22, 2021
  • DMF_2021

    Отворен конкурсот за учество на „Денови на македонската фотографија 2021“

    март 15, 2021

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања убавина улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics