• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
културен водич 0

Музичка програма на Скопје Креатива 2019: DJ сет на Afriqua, Берлин во МКЦ

Од stylist @StylistMKD · На мај 28, 2019

60138791_2648824778521333_6168780854874079232_n

Овогодинешната “Скопје Креатива 2019“ започнува на 31 мај и затоа што не постои подобар начин да се започне едно фестивалско дружење, ви ја презентираме музичката програма во рамки на фестивалот.

Фестивалското отворање во Кино Култура, со почеток во 21:00 часот ќе го одбележи настапот на пијанистката Дуња Иванова со „Зелено во етерот за зелено Скопје“.

Настапот на Иванова, насловен како „Зелено во етерот за зелено Скопје“ е осмислен да го поврзе современиот музички израз со дигиталните медиуми, и да пренесе порака за неопходноста од општествено будење и одговорност кон природата или кон она што остана од неа во главниот град.

За таа цел, избрани се композиции на популарни автори кои во себе го акумулираат изразот “зелено“, а акустичната изведба на пијано ќе биде дополнета со видеозапис со визуализации од Скопје преку фотографии во кои истовремено се прикажуваат убавиот и грдиот лик на градот.

Истата вечер, со почеток во 22:00 часот, живата легенда на македонската електронска сцена, Горан Атанасовски, подобро познат како Robotek, со настап во живо, ќе го промовира албумот RE:Cycled, специјално CD и електронско издание за фестивалот.

Музичката програма на 1 јуни, во сабота, кулминира со DJ сет на Адам Лонгман Паркер или Afriqua, еден од највозбудливите надоаѓачки артисти на електронската танц-сцена во моментов, претставник на младата генерација композитори/продуценти со изграден звук/стил и неколку композиции кои веќе се доживуваат како класики. Организаторите на „Скопје Креатива 2019“  велат дека се одлучиле за овој, слободно речено cutting edge избор, со намера да ѝ покажат на домашната публика дека електронската денс-сцена е витална и свежа, а новата генерација има и тоа како што да каже.

“ Afriqua е вистинскиот избор за реализирање на оваа наша намера и вистински современа сонична авантура за искусните уши на пребирливата скопска клупска публика“ – додава Мирко Попов, програмски уредник на музичката програма на Скопје Креатива 2019.

Фестивалот ќе го затвори колективот „Ехо од далечното минато“ со музичка клупска вечер посветена на музиката од нашето поблиско и подалечно минато и од нашата поблиска и подалечна околина со главен акцент на funk, soul, disco, jazz, rare grooves & broken beats. За „Ехо од далечното минато“ е одговорна екипата во состав: Ненад Стефаноски (Foolish Green/Green Out), Гоце (САФ), HyperTech и Чваре.

Влезот е слободен за сите програмски сегменти.

Целосната програма на Скопје Креатива 2019 може да ја прегледете тука.

Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • 2indog културен водич

    Изложбата „Меѓу нас“ на Индог – визуелна приказна за емпатија, надеж и колективна грижа

  • yes културен водич

    Шесто издание на ЈЕС ФЕСТИВАЛ од 14 до 20 мај во Скопје

  • toska културен водич

    Изведба на операта „Тоска“ од Џакомо Пучини на 16 мај во рамките на „Мајски оперски вечери“

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • sarastoi

    Македонскиот модел Сара Стои за престижниот магазин Numero Switzerland

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • skjapareli

    Новата колекција на висока мода на Скјапарели ја слави моќта на трансформацијата

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • tmf revija

    Нови модни импресии на јубилејната 20-та студентска ревија на ТМФ насловена „Вортекс импресии“

    јуни 24, 2026
  • 1

    СТИЛСКА ИДЕЈА: Бела кошула со машки крој

    јуни 17, 2026
  • 1

    Филмот „Скејтбордингот не е за девојчиња“ на Дина Дума светската премиера ќе ја има на фестивалот на Роберт Де Ниро („Трибека фестивал“)

    јуни 1, 2026
  • 1 fondacija frosina kulakova

    Фондацијата „Фросина Кулакова“ и МВР потпишаа меморандум за заедничка борба за поголема безбедност во сообраќајот

    мај 27, 2026
  • 2indog

    Изложбата „Меѓу нас“ на Индог – визуелна приказна за емпатија, надеж и колективна грижа

    мај 27, 2026

Убавина

  • 1 K BEAUTY

    Фестивал на корејска убавина за од 8 до 10 мај и едукативни панели со дерматолози и фармацевти

    мај 6, 2026
  • 3

    Совети за пролетен блескав тен

    април 15, 2025
  • eucerin

    Зимски предизвици на кожата: Како да ја заштитите кожата од загаден воздух и сув воздух во затворени простории?

    јануари 13, 2025
  • eucerin (2)

    Блеснете во Новата година со иновативниот Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

    декември 16, 2024
  • geske

    Грин Мастер Ви ја претставува GESKE® Германската револуција во негата на кожата

    ноември 18, 2024

Живот

  • 1

    Bitola Whisky Fest: Битола како сцена, вискито како причина

    март 31, 2026
  • 1

    Витаминска бомба од 17 состојки

    јануари 9, 2026
  • winter festival

    Предновогодишнa зимска магија на Winter Festival со многу музика и улична храна пред СЦ „Борис Трајковски

    декември 24, 2025
  • Poster-so-logoa-story_1

    Денеска почнува петтото јубилејно издание на SKOPJE WHISKEY FEST

    ноември 6, 2025
  • KID-EXPO--poster

    Овој викенд е посветен на децата – Во Скопје се случува третото, најголемо и највозбудливо издание на Kid Expo

    октомври 2, 2025

Култура

  • 1

    Филмот „Скејтбордингот не е за девојчиња“ на Дина Дума светската премиера ќе ја има на фестивалот на Роберт Де Ниро („Трибека фестивал“)

    јуни 1, 2026
  • 2indog

    Изложбата „Меѓу нас“ на Индог – визуелна приказна за емпатија, надеж и колективна грижа

    мај 27, 2026
  • yes

    Шесто издание на ЈЕС ФЕСТИВАЛ од 14 до 20 мај во Скопје

    мај 12, 2026
  • toska

    Изведба на операта „Тоска“ од Џакомо Пучини на 16 мај во рамките на „Мајски оперски вечери“

    мај 12, 2026
  • 1 (14)

    Мјузиклот „Као какао“ премиерно на 2 и 3 јуни во МНТ

    април 24, 2026

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања стилски идеи улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics