• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
животен стил со... 0

Скопје Мериот хотел овозможува сестрана поддршка на младите од СОС Детско село

Од stylist @StylistMKD · На септември 19, 2018

marriott Скопје Мериот хотел ја продолжува својата соработка со СОС Детско село преку проектот “You eat, we give”, каде што со секое купено главно јадење во текот на септември и октомври, се донира едно евро за СОС Детско село Македонија. Оваа глобална иницијатива, којашто има за цел да овозможи понатамошна поддршка и кариерен развој на младите од СОС Детското село Македонија, се организира по вторпат во хотелот Скопје Мериот. Мериот Интернешнл е партнер на СОС Детските села низ целиот свет и со интензивирањето на оваа акција, двојно се зголемува бројот на млади луѓе коишто ќе добијат можност за вработување или пракса низ хотелите на овој ланец. Скопје Мериот хотел, како дел од групацијата, е докажан партнер на СОС Детско село, а поддршката започна уште со самото отворање на хотелот во 2016 година. Една од областите на соработка е поддршка и помош на младите кадри и оние кои пораснале под закрила на СОС Детско село во стекнување практични вештини, знаења и први професионални искуства. Оваа соработка е дел од интернационалниот проект Youth Empowerment кој има за цел да ги охрабри младите луѓе самостојно да преземат одговорности во животот и е насочена кон создавање поздрави и подобри животни навики. Foto_2 Како резултат на овој проект, досега, двајца младинци кои израснаа во СОС Детското село во Скопје се вработени во Скопје Мериот хотел и добија можност за стекнување прво работно искуство. Хабиба Папиќ има 21 година и е студент при Штипскиот Универзитет Гоце Делчев, отсек Туризам и бизнис логистика. Преку глобалната иницијатива, во јуни 2017 година, Хабиба станува дел од тимот на Скопје Мериот хотел и ја започнува својата кариера. За нејзиното искуство Хабиба вели: „Јас отсекогаш сум била затворена личност, срамежлива и бавно стекнував доверба кон луѓето. Но, во Скопје Мериот запознав прекрасни луѓе, моите претпоставени, моите соработници, сите се трпеливи, грижливи и разбирливи. Успевам да направам рамнотежа меѓу студиите на Универзитетот за туризам и менаџмент и моите професионални ангажмани. Откако сум дел од тимот посетувам и бројни обуки и курсеви за Меѓународниот бренд Marriott, како и за хотелиерството и туризмот воопшто. Ова искуство ми помогна да  ги откријам моите соништа на професионално ниво. Угостителството е областа каде што се гледам себеси во иднина и се чувствувам среќна што можам да имам практично искуство додека студирам, и тоа не во било кој хотел, туку во најсилниот бренд во нашата земја. Се чувствувам самоуверено, оваа самодоверба никогаш не помислив дека ќе ја имам, но по добар работен ден поминат тука и активна комуникација со многу луѓе, успеав да ја скршам таа обвивка што ја носев толку долго.”  Можноста која младите од СОС Детско село ја добиваат со Youth Empowerment програмата нуди понатамошен кариерен развој, искуство, можност за стекнување нови вештини и знаења. Ваквиот тип програми им помага на младите ентузијасти како Хабиба Папиќ да го пронајдат своето место и успешно да се интегрираат во општеството.

Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • 1 животен стил со...

    Bitola Whisky Fest: Битола како сцена, вискито како причина

  • winter festival животен стил со...

    Предновогодишнa зимска магија на Winter Festival со многу музика и улична храна пред СЦ „Борис Трајковски

  • Poster-so-logoa-story_1 животен стил со...

    Денеска почнува петтото јубилејно издание на SKOPJE WHISKEY FEST

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • sarastoi

    Македонскиот модел Сара Стои за престижниот магазин Numero Switzerland

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • skjapareli

    Новата колекција на висока мода на Скјапарели ја слави моќта на трансформацијата

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • tmf revija

    Нови модни импресии на јубилејната 20-та студентска ревија на ТМФ насловена „Вортекс импресии“

    јуни 24, 2026
  • 1

    СТИЛСКА ИДЕЈА: Бела кошула со машки крој

    јуни 17, 2026
  • 1

    Филмот „Скејтбордингот не е за девојчиња“ на Дина Дума светската премиера ќе ја има на фестивалот на Роберт Де Ниро („Трибека фестивал“)

    јуни 1, 2026
  • 1 fondacija frosina kulakova

    Фондацијата „Фросина Кулакова“ и МВР потпишаа меморандум за заедничка борба за поголема безбедност во сообраќајот

    мај 27, 2026
  • 2indog

    Изложбата „Меѓу нас“ на Индог – визуелна приказна за емпатија, надеж и колективна грижа

    мај 27, 2026

Убавина

  • 1 K BEAUTY

    Фестивал на корејска убавина за од 8 до 10 мај и едукативни панели со дерматолози и фармацевти

    мај 6, 2026
  • 3

    Совети за пролетен блескав тен

    април 15, 2025
  • eucerin

    Зимски предизвици на кожата: Како да ја заштитите кожата од загаден воздух и сув воздух во затворени простории?

    јануари 13, 2025
  • eucerin (2)

    Блеснете во Новата година со иновативниот Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

    декември 16, 2024
  • geske

    Грин Мастер Ви ја претставува GESKE® Германската револуција во негата на кожата

    ноември 18, 2024

Живот

  • 1

    Bitola Whisky Fest: Битола како сцена, вискито како причина

    март 31, 2026
  • 1

    Витаминска бомба од 17 состојки

    јануари 9, 2026
  • winter festival

    Предновогодишнa зимска магија на Winter Festival со многу музика и улична храна пред СЦ „Борис Трајковски

    декември 24, 2025
  • Poster-so-logoa-story_1

    Денеска почнува петтото јубилејно издание на SKOPJE WHISKEY FEST

    ноември 6, 2025
  • KID-EXPO--poster

    Овој викенд е посветен на децата – Во Скопје се случува третото, најголемо и највозбудливо издание на Kid Expo

    октомври 2, 2025

Култура

  • 1

    Филмот „Скејтбордингот не е за девојчиња“ на Дина Дума светската премиера ќе ја има на фестивалот на Роберт Де Ниро („Трибека фестивал“)

    јуни 1, 2026
  • 2indog

    Изложбата „Меѓу нас“ на Индог – визуелна приказна за емпатија, надеж и колективна грижа

    мај 27, 2026
  • yes

    Шесто издание на ЈЕС ФЕСТИВАЛ од 14 до 20 мај во Скопје

    мај 12, 2026
  • toska

    Изведба на операта „Тоска“ од Џакомо Пучини на 16 мај во рамките на „Мајски оперски вечери“

    мај 12, 2026
  • 1 (14)

    Мјузиклот „Као какао“ премиерно на 2 и 3 јуни во МНТ

    април 24, 2026

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања стилски идеи улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics