• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
интервју 0

„Скопје се носи“ сè уште верува во ентузијазмот и оригиналноста

Од Ана Несторовска · На мај 9, 2017

skopje se nosi 2017 (2)

Со желба да ги архивираат и претстават пред јавноста најинтересните урбани ликови со уникатен стил и интересна , пред три години на овој ден модните ентузијастки Ана Чаловска и Елена Везенкова го лансираа блогот „Скопје се носи“. Роденденот го прославија деновиве со забава во кафе-барот „Баду“ во присуство на своите пријатели, најверни читатели, соработници и скопските фаци, чии портрети може да се погледнат и прочитаат на сајтот. По тој повод разговаравме со Ана и Елена, кои ни откриваат дека гледано наназад, кога го подготвувале сајтот не се сомневале дека ќе дотуркаат повеќе од три години…
- Зошто не би дотуркал? Го сакаме тоа што го правиме, имаме верба во средината која нè опкружува и го правиме навистина со љубов и максимален труд. И, да, без оглед на околностите и генералната атмосфера, сè уште имаме верба во луѓето, во ентузијазмот и во потрагата по нешто оригинално, што ни го покрева духот и дека некои вредности сè уште се присутни. Веруваме во она „добро“ што сите ние го носиме и го сакаме, тешко да се објасни со зборови, но сите го препознаваме, по кое е карактеристичен градот, и сметаме дека навистина тоа добро треба да го негуваме. Тука некаде би била и самата мисија на „Скопје се носи“.

skopje se nosi 2017

Креативата на постерите со кои ја најавија роденденската забава ја направи Еми Ермилова

*Колку „Скопје се носи“ се промени и разви од првите објави до денес? Како расте и кои се новитетите?
-Основата по која е сајтот препознатлив срце не ни дава да ја смениме во некои драстични размери. :) Таа и е всушност нашиот заштитен знак. Архивата расте сè повеќе и повеќе, а ресурсите се неистражени, ако не и непресушни. Имаме што да понудиме, срединава има што да понуди. Тимот се шири. Со гордост и радосно би кажале дека буквално си присвоивме две инспиративни и креативни девојки, Тамара и Мариго, кои навистина се освежување и взаемно учиме едни од други. Сатја си е веќе „наш“ и неговата рубрика „Ветерници“ е добро позната на публиката. Сè друго останува да го видите самите, бидете така, има уште.:)

*Со кои содржини посебно се гордеете и кои се најинтересни за читетелите?
-Себично е да кажеме дека конкретно некоја содржина ни е особено драга. На секоја работиме со ентузијазам и посветеност. За ова слободно обратете сè до публиката. Би сакале и ние да го чуеме нивното мислење.

 

skopje se nosi turns 3

Тамара, Мариго, Ана, Сатја и Елена на забавата во “Баду бар“

*Изминативе три години изградивте своја верна читателска публика. Како би ги дефинирале луѓето што го читаат „Скопје се носи“, каков профил на девојки и момчиња најчесто го посетуваат и каков е фитбекот?
-Публиката е до толку порасната и се расплинува кон повеќе портрети, возрасти и профили на луѓе, што полека и губиме траг. Не останува само на нашиот таргет, туку идејата и концептот зад „Скопје се носи“ стануваат сè повеќе и пошироко прифатени. Токму фитбекот ни е дополнителен поттик да продолжиме. Не само што добиваме предлози за соработки и предлози за надоградба на самиот концепт, туку често многумина и пројавуваат интерес да станат дел од тимот или пак само да бидат прикажани на сајтот. Тоа само по себе е интеракција, ненаметната, природно остварена, што сепак го сметаме за достигнување и ни е знак дека читателе веруваат во „Скопје се носи“ и во она за кое платформата се залага.

skopje se nosi 2017 (1)

*Колку „Скопје се носи“ ви донесе кредибилитет на нашата модна сцена и можност за соработки со модни компании?
- „Скопје се носи“ никогаш во преден план не ја „фурал“ модата, таа била и преферираме да остане некаде во позадина. Не го негираме фактот дека е во тесна корелација со првичната сугестија за „Скопје се носи“, но пораката која сакаме да допре до читателот не плута толку површно, туку е базирана на подлабоки темели, многу е покомплексна и покарактерна. Накратко, се залага да го прикаже она што го носиме во себе, не на себе, оттаму зошто можеби го носиме тоа на себе. Штом знаеш што носиш во себе, многу е полесно да бидеш и да се ставиш во улога на моден трендсетер. Нашето портфолио веќе брои многу соработки на кои сме горди и благодарни.
*Какви ви се проекциите и плановите за блогот за следните три години?
- Едно нешто сме сигурни, а тоа е дека „Скопје се носи“ ќе си го прослави и шестиот роденден на 9 мај 2020 г. Дотогаш да бидеме свои, автентични, посветени, да инспирираме и креираме. Да придонесеме за тоа „добро“ што сите ние го носиме во себе, добро си го знаеме и си го сакаме. Секој на свој начин, како најдобро умее. Е па, нека ни се множат! :)

*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете линк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.

Ана ЧаловскаЕлена Везенковамоден блогмоден сајтроденденСкопје„Скопје се носи“
Сподели Tweet

Ана Несторовска

Можеби ќе Ве интересира

  • 0 интервју

    Дизајнерката Олгица Ѓоргиева со успешна костимографија за балетската претстава „Пепелашка“ во Букурешт

  • bad girls (3) интервју

    Разговор со Сандра Шевандо и Драган Христов за костимографската инсталација „Лошите девојки од филмовите“ што ќе се одржи на 8 јули во МКЦ

  • elena popovska интервју

    Интервју со Елена Поповска од Jewelry My Precious: Препознатлива сум по експериментите со нови техники

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • ivana manas (2)

    Нашата Ивана Манас ја отвори ревијата на брендот Токио Џејмс на Миланската модна недела

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • skjapareli

    Новата колекција на висока мода на Скјапарели ја слави моќта на трансформацијата

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • 1 valentino

    Почина славниот италијански моден дизајнер Валентино

    јануари 20, 2026
  • 1

    Ролка и капут – топла и удобна зимска комбинација

    јануари 9, 2026
  • 1leopard

    Бидете впечатливи оваа зима со капут со леопардова шара

    јануари 9, 2026
  • 1

    Витаминска бомба од 17 состојки

    јануари 9, 2026
  • a2f7f1c14b9ac6a09a3e891fe494ab6e

    Модни идеи за деловен изглед во зимските месеци

    јануари 9, 2026

Убавина

  • 3

    Совети за пролетен блескав тен

    април 15, 2025
  • eucerin

    Зимски предизвици на кожата: Како да ја заштитите кожата од загаден воздух и сув воздух во затворени простории?

    јануари 13, 2025
  • eucerin (2)

    Блеснете во Новата година со иновативниот Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

    декември 16, 2024
  • geske

    Грин Мастер Ви ја претставува GESKE® Германската револуција во негата на кожата

    ноември 18, 2024
  • naslovna

    Што препорачуваат дерматолозите како ефикасно решение против пигментација на кожата

    ноември 5, 2024

Живот

  • 1

    Витаминска бомба од 17 состојки

    јануари 9, 2026
  • winter festival

    Предновогодишнa зимска магија на Winter Festival со многу музика и улична храна пред СЦ „Борис Трајковски

    декември 24, 2025
  • Poster-so-logoa-story_1

    Денеска почнува петтото јубилејно издание на SKOPJE WHISKEY FEST

    ноември 6, 2025
  • KID-EXPO--poster

    Овој викенд е посветен на децата – Во Скопје се случува третото, најголемо и највозбудливо издание на Kid Expo

    октомври 2, 2025
  • 1

    Златни покани се прошируваат низ Скопје на мистериозен начин – но за што служат тие?

    мај 12, 2025

Култура

  • novogodisen bazar

    Од денеска до 31 декември новогодишен базар со 50 современи занаетчии во Скопје Сити Мол

    декември 16, 2025
  • Госпоѓа Бовари 3 (2)

    Двојна изведба на балетскиот спектакл „Госпоѓа Бовари“ на 18 и 21 ноември

    ноември 12, 2025
  • 1

    По 40 години, нешто ново од „Бушава азбука“ – „Буквождер“ пристигнува на 8 ноември

    октомври 31, 2025
  • pmg

    Вечерва почнува „ПМГ Рекордингс Фестивал 14“

    октомври 16, 2025
  • KV

    Концерт по повод 100 години од раѓањето на композиторот Микис Теодоракис

    октомври 6, 2025

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања стилски идеи улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics