• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
културен водич 0

Славој Жижек: Влеговме во војна со „Пандемија” и идеите дека ќе заврши набрзо се утопистички

Од stylist @StylistMKD · На јули 24, 2020

6c839d20-7af2-45fc-8db8-5946f1d5f504 (1)

Правилата дека треба да се мијат раце, да се избегнуваат блиски контакти, сето ова помага. Но, основно е тоа дека ни требаат мерки. Јас ги нарекувам „комунистички мерки”, а овие мерки не треба да се однесуваат само на здравјето. Ќе имаме проблеми, од снабдувањето со храна до менталното здравје. Мораме, конечно, да го сфатиме ова сериозно, истакна познатиот словенечки филозоф Славој Жижек на вчерашната онлајн промоција на неговата нова книга „Пандемија”. Делото преведено на македонски јазик е во издание на „Арс Либрис”, дел од „Арс Ламина ‒ публикации” и веќе може да се најде во сите книжарници „Литература.мк” или да се купи онлајн на www.literatura.mk.

На вчерашната онлајн промоција на фејсбук страницата на „Литература.мк” можеше да се погледне разговор помеѓу уредникот на изданието Филип Видиновски и Жижек. Во неговото дело со поднаслов „Ковид – 19 го тресе светот”, познатиот филозоф се осврнува кон тоа како пандемија ќе го трансформира светот во кој живееме.

‒ Она на што бев сведок овде е дека ние знаеме само за две екстремности или луѓето се во паника или велат „готово е, да се вратиме на нормалниот живот”. Она што ни треба не е паника туку, конечно, да го сфатиме ова сериозно. И навистина да се мобилизираме. Инаку, ова само ќе продолжи – вели Жижек.

Во разговорот тој ги анализираше мерките кои ги преземаат светските лидери и недостатоците во начинот на кој се справуваме со пандемијата. За решенијата на американскиот претседател Доналд Трамп и на бразилскиот претседател Жаир Болсонаро кои пропагираат да се отвори економијата, ги нарекува варварски и го опишува како „лотарија” односно „кој преживее, ќе преживее”.

‒ Едното решение е тоа, варварското решение на Трамп и Болсонаро и „де факто” многу земји кои немаат добра здравствена инфраструктура ќе бидат принудени да го направат тоа. Другото решение е она на американската технократска дигитална елита. Бил Гејтс, Ендру Куомо, гувернерот на американската сојузна држава Њујорк и други. А, тоа е да се преместат, се разбира, оние што се избрани, а тоа може да биде голем број, во она што се нарекува изолирано општество. Дури и медицинските испити, испораката на храна… Без физички контакт или да се ограничи колку што е можно повеќе. Ова ќе доведе до нови класни тензии, ќе воведе разлика меѓу оние што се внатре и оние што се надвор, невидени проблеми итн. Па, мислам дека единственото вистинско решение е, повторно, не велам дека сè треба да биде национализирано, но многу посилна улога на владата – вели Жижек.

b9a197cf-f3e5-4dd2-92d8-5d45ab5e73f8

Тој смета дека се потребни добро организирани локални заедници.

‒ Не сум голем љубител на Куба, но слушам дека добро се справува со епидемијата. Во Куба има локални комитети за одбрана на револуцијата. Ми кажаа дека ова во Шпанија било од суштинска важност. Луѓето некако сами се организирале и прогласиле неколку улици за нивна територија. Контролирале кој живее таму, дали има стари луѓе кои не можат да се грижат за себе или болни луѓе. Ова е од суштинска важност. И мора да ја знаете мојата омилена приказна. Во Бразил, во Сао Паоло и Рио де Жанеиро, бандите кои се борат во фавелите го направија, ганстерите го направија она што нашите политичари не можат да го направат. Веднаш склучија мир и почнаа да соработуваат за да им помогнат на луѓето во нивните заедници. Од друга страна, над државната меѓународна соработка. Ова мора да се сфати сериозно. И покрај целата паника, вие, Македонците, не сте исклучок – истакна Жижек.

На крајот од разговорот, тој се осврна и на Македонија, истакнувајќи дека сочувствува со нашата земја.

‒ Знаете зошто? Затоа што кога се распаѓаше Југославија, иако подоцна имавте етнички проблеми, ситуацијата никогаш не експлодираше. Во основа, некако успеавте да го поминете целиот тој ужасен период. Се надевам дека ако постои Бог, тоа не злобен Бог кој ќе каже: „Македонци, не страдавте доволно во раните деведесетти, па ќе треба да страдате уште малку”. Се надевам дека не. Не го заслужувате тоа. Ја сакам вашата земја. Кога бев во вашата земја со мојата жена, се изненадив од тоа што имате сериозен интелектуален живот. Има круг на луѓе кои читаат, дебатираат и така натаму. И сите ние сме загрижени дека во една ваква ситуација, во која популизмот експлодира, културата ќе страда. Се разбира, многу обични луѓе сметаат дека ова е вонредна ситуација, дека нема потреба од култура, дека е време за обезбедување на основните работи. И можат да се скратат средствата за културата. Тоа е она што навистина ме загрижува. Но, навистина ви посакувам сè најдобро. И знам дека оваа епидемија нема да заврши. Ќе продолжи. Сега само можеме да се надеваме на тоа да ја држиме под контрола. Немојте да се губите во утопиите дека за два месеца ќе има вакцина и сите ќе бидеме безбедни. Не, ќе има којзнае какви други проблеми. Но, заедно ќе се справиме со сè – заврши Жижек.

Целиот разговор со словенечкиот филозоф може да се погледне и на фејсбук-страницата на „Литература.мк”.

Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • cepenkov културен водич

    Oнлајн-промоција на осовременетата „Автобиографија“ на Марко Цепенков

  • literatura културен водич

    Новогодишен онлајн-настан на „Арс Ламина“ и „Литература.мк“ со „Фанк шуи“ и Влатко Стефановски

  • шумковски културен водич

    Ретроспективна изложба на Јован Шумковски во Музејот на современата уметност – Скопје

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • cardin

    ПЈЕР КАРДЕН (1922–2020): Првиот футурист во модата и пионер на модното брендирање

Модна азбука

  • Poncho

    ПОНЧО – префрлена наметка со отвор за глава

    ноември 20, 2020

Видео

  • pedro horisonte

    Слушаме македонска музика: „Чекајќи“ на Педро Хоризонте

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • 1

    МОДЕН ТРЕНД: Штепуваните јакни најстилски сезонава

    јануари 15, 2021
  • 1

    Инстаграм профил кој го лови стилот на парижаните

    јануари 14, 2021
  • cokoladen puding

    Брз и здрав чоколаден десерт со необична состојка

    јануари 14, 2021
  • gucci

    Дизајнерски чанти што ќе бидат хит за 2021

    јануари 13, 2021
  • 1

    Мода во портокалова боја за енергичен старт на годината

    јануари 13, 2021

Убавина

  • Revalid

    Погледнавме одблиску: зошто цветот од еделвајс е „преживувачка ѕвезда“

    декември 25, 2020
  • 3

    Млечен маникир со златни детали

    декември 21, 2020
  • Elena i Ljubica - A Star is Born

    REVALID®: Елена и Љубица ја откриваат иновацијата против стареење и тенка коса

    декември 4, 2020
  • guerlain

    Празнична колекција на шминка на Guerlain

    ноември 30, 2020
  • 1 MAC

    M · A · C ја започна празничната сезона со колекција инспирирана од бајките и огнометот

    ноември 24, 2020

Живот

  • cokoladen puding

    Брз и здрав чоколаден десерт со необична состојка

    јануари 14, 2021
  • 1

    Aвенијата Елисејски полиња се претвора во „извонредна градска градина“

    јануари 13, 2021
  • 00

    Прошетка низ футуристичката палата на Пјер Карден

    јануари 10, 2021
  • ?????????????????????????

    Баланс+ оброци за енергетски почеток на денот

    јануари 5, 2021
  • pariche-702x336

    Паричето.мк – платформа за виртуелно вртење пита со паричка

    јануари 5, 2021

Култура

  • cepenkov

    Oнлајн-промоција на осовременетата „Автобиографија“ на Марко Цепенков

    декември 28, 2020
  • literatura

    Новогодишен онлајн-настан на „Арс Ламина“ и „Литература.мк“ со „Фанк шуи“ и Влатко Стефановски

    декември 25, 2020
  • шумковски

    Ретроспективна изложба на Јован Шумковски во Музејот на современата уметност – Скопје

    декември 16, 2020
  • pokana Allthelove

    Изложбата „Сета љубов“ со светски познати уметници од утре во МСУ

    декември 14, 2020
  • lila moss

    Лајла Мос на насловна на Vogue Italia

    декември 8, 2020

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања убавина улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics