Српската актерка Слобода Миќаловиќ ги воодушеви светските медиуми со својата појава на црвениот килим на Венецискиот филмски фестивал, а најмногу го забележаа нејзниот необичен фустан што го носеше за премиерата на својот нов филм „На млечниот пат“ во режија на Емир Кустурица. Со нејзината убавина и модниот избор достојно ѝ парираше на Моника Беличи која исто така глуми во филмот.
Слобода на премиерата носеше долг црн фустан, но најголемо внимание привлече сребрениот елек кој претставува модерна верзија на традиционаниот српски елек од срма. Фустанот го креираше познатата српска дизајнерка Верица Ракочевиќ, која инаку ѝе тетка на актерката. „Долго време се боревме околу тоа како ќе изгеда фустанот. На крајот дојдовме до заедничко решение. Единствено имавме дилема околу тоа дали да носи српски мотив. Елекот на Боба е од чисто сребро и е рачно изработен за неа“, изјави Верица за „Блиц“.
Креаторката успеала да направи современа верзија на традиционална облека, без креацијата да изгледа костимирано и театрално, туку впечатливо, модерно и покрај јасната фолк-референца.
„Се плашев дека нашите луѓе ќе реагираат негативно на креацијата, бидејќи ние сме земја на селани на ридовитиот Балкан, но не бев во право. На сите им се допадна“, вели дизајнерката и открива дека добила многу пораки со пофалби.
Слобода комбинацијата ја дополнила со специјално направен накит од злато, бисери и дијаманти, мала чанта стара 80 години (сопственост на Верица), и со сандали од „Баленсијага“.
Нема коментари